Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Платежни картички

Black Friday “лудилото” на Grouper започнува денес!

Објавено

на

Утре е најголемиот шопинг празник на попустите Black Friday, а најголемиот сајт за попусти во земјава, Grouper.mk, најавува дека големите попусти до 95% кај нив стартуваат од денес на пладне!

Почнувајќи од денес попладне тие ќе почнат да ги активираат Black Friday зделките, а на секои 2 часа велат дека ќе објавуваат нови тури непобедливи зделки со попусти во соработка со над 300 компании. Ветуваат дека до полноќ ќе бидат објавени до 1000 зделки со ултра високи попусти (95%), по ултра ниски цени, и со ограничено времетраење и количини! Помеѓу промоциите може да се најдат патувања за домашни хотели, Банско, Боровец; најразлични производи за домот како кујнски додатоци, мали апарати, играчки за деца и услуги како масажи, третмани, едукативни курсеви, храна и многу повеќе.

“Ова е дефинитивно највозбудливиот ден во годината за нас, кој го сметаме за наш патронат под мотото „Непобеливи зделки. Ограничени количини. Кој купи-купи”. Веќе 5та година по ред ги подготвуваме најдобрите Black Friday промоции и драго ни е што нашиот труд и енергија се препознаени од страна на корисниците и нашите соработници и партнери кои секоја година се расположени да се вклучат со уште подобри зделки и заеднички да ги надминеме ланските продажби и секако да ги надминеме очекувањата на корисниците. Минатата година за само 24h бе продадени над 12.000 купони, а посетите достигнаа над 130.000, само во петокот. – велат од Grouper.

Оваа година Black Friday лудилото трае четири дена, заклучно со понеделник – Cyber Monday и во истиот тренд ќе има и нови зделки со луди цени со само 24 часа траење. Од Grouper го најавиja најголемиот шопинг празник уште минатата недела објавувајќи ги Black Friday WARM UP зделките како загревање за она што следи. Овие зделки нудат неодоливи попусти до 60% од неколку познати брендови меѓу кои Спорт М, Adam’s Shoes, Божиновски часовници и накит, Dioptra и многу други.

Кога имате одличен тим кој работи со пасија и напорната работа може да е “песна”. Така тие со песна насловена “На Black Friday сум се заљубил” во нивен стил ја најавија кампањата со која велат дека сакаат да пренесат дел од нивната позитивна енергија и да не поттикнат сите да бидеме дел од најголемата Black Friday акција.

https://www.facebook.com/grouper.mk/videos/734542950254609/UzpfSTM0ODg1NzgxMTk4OTgwMzoxMDExNjA1NzUyMzgxNjY5/

За дополнителна забава и вредност на целата кампања, Grouper тимот креираше Black Friday машина за подароци, каде секој може да врти и да добие некој од 500те подароци, меѓу кои: 100 искуства и производи, 390 кобрендирани подароци и 10 патувања. Кампањата е поддржана од Mastercard па со секое купување на Grouper зделка ви доделуваат вртење за поголема шанса, а исто така и со поканување на пријателите може да добиете уште вртења.

Заземете си место на време за најголемиот шопинг настан за оваа година и уживајте во онлајн купувањето без турканици со Black Friday акцијата на Grouper!

Платежни картички

„УНИБанка” со летна промоција „Кеш без провизија”

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје започна нова летна промотивна акција за своите клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на кредитните продукти за физички лица

Објавено

на

Kако резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи, НЛБ Банка ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени на кредитните картички, инстант кредитите и на дозволеното пречекорување на трансакциска сметка за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ги намали каматните стапки на дозволено пречекорување и на кредитни картички

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува клиентите дека поради намалување на каматната стапка на благајничките записи, почнувајќи од 01.07.2019 година, ќе изврши намалување на каматните стапки кај дозволеното пречекорување на трансакциските сметки за физички лица и кај дел од кредитните картички за правни и за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange