Connect with us

Лични финансии

Бизнис бар: Како да давате совети без да изгледа дека шефувате

Објавено

на

Убаво е да им понудите зборови на мудрост на оние во вашите најблиски кругови, но границата помеѓу искреното давање совети и изгледот на сезнајко може да биде мала. Дури и ако вашиот совет е побаран или добредојден, сепак може да биде незгодно бирањето на вистинската порака. Уште покомплексно е да го понудите вашиот совет ако не се побара.

Еве како да давате совети без да изгледа како шефување:

1. Побарајте дозвола

Запрашајте го лицето дали сака ваш совет. Барањето дозвола дава можност на друга личност да прифати или одбие.

Покрај тоа, барањето дозвола пренесува емпатија и подготвеност да помогнете, но исто така и свесност дека вашата помош можеби не е добредојдена.

Ако ви е кажано „не“, најдобро е да го почитувате тоа и да не го нудите вашиот совет.

2. Бидете внимателни на вашиот тон

Не е само тоа што го зборувате, туку и како го зборувате. Кога давате совет на некого, тоналитетот и јазикот на телото честопати се исто толку важни како и пораката што се доставува.

3. Избегнувајте психоанализа

Ако нудите совет на пријател или член на семејството, најдобро е да ги одржите советите поедноставни и да се обидете да избегнете да зборувате за потенцијални трауми на минатото.

Придржувајте се до темата и вашите точки без да судите или да се обидете да ги анализирате.

Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.

LinkedIn – Бизнис Бар

Instagram – Бизнис Бар

Facebook – Бизнис Бар

Лични финансии

Дали знаењето или дисциплината е поважна за управување со парите?

Објавено

на

Знаењето (во некои случаи може да се користи и зборот „талент“) е важен предуслов за успех на кое било поле од животот. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Четири чекори кои водат до стабилни лични финансии

Објавено

на

Четирите чекори кои водат до стабилни лични финансии можеби изгледаат како „чекор од седум милји“, но во реалноста не е толку тешко да се постигнат. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Десет навики на луѓето со најголема самодоверба

Објавено

на

Ko-oсновачот на компанијата Sky Bell, Ендрју Томас, ги сподели своите искуства и размислувања за кои верува дека луѓето кои сакаат да градат доверба е потребно да ги имаат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно