Криптовалути
“BITCOIN CITY” – Ел Салвадор сака да стане финансиски центар на светот!?


Ел Салвадор планира да го изгради првиот „Биткоин град“ во светот, првично финансиран од обврзници поддржани од биткоини, најави претседателот на државата, Најиб Букеле.
Говорејќи на настанот за затворање на еднонеделната промоција на биткоин во Ел Салвадор, Букеле рече дека градот планиран во источниот регион Ла Унион ќе добие геотермална енергија од вулкан и нема да наплаќа даноци освен данок на додадена вредност (ДДВ).
„Инвестирајте овде и заработете ги сите пари што ги сакате. Ова е целосно еколошки град кој работи и е напојуван од вулкан”, изјави Букеле, облечен целосно во бело и бејзбол капа, во одморалиштето на плажата Мижата.
„Половина од наплатениот ДДВ ќе се искористи за финансирање на обврзниците издадени за изградба на градот, а другата половина ќе покрива услуги како што е собирање ѓубре”, рече Букеле, проценувајќи дека јавната инфраструктура ќе чини околу 300.000 биткоини.
Ел Салвадор во септември стана првата земја во светот што го усвои биткоинот како законско средство за плаќање.
Иако Букеле е популарен претседател, анкетите покажуваат дека жителите на Ел Салвадор се скептични во врска со неговата љубов кон биткоинот, а неговото нагло воведување поттикна протести против владата.
Споредувајќи го неговиот план со градовите основани од Александар Велики, Букеле рече дека Биткоин Сити ќе биде со кружна форма, со аеродром, станбени и комерцијални области и ќе има централен плоштад дизајниран да изгледа како симболот на биткоин.
„Ако сакате биткоинот да се шири низ светот, треба да изградиме неколку Александрии“, рече Букеле инспириран од Александар Велики и неговите Александрии.
Ел Салвадор планира да ги издаде првичните биткоин обврзници во 2022 година.
Криптовалути
Кристин Лагард: Криптовалутите се безвредни, тие не се засноваат на ништо!


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ништо, дека се целосно безвредни. (more…)
Криптовалути
ЦРНА НЕДЕЛА ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ – Биткоинот на најниско ниво од јануари


Биткоинот во текот на вчерашниот ден падна на најниско ниво од јануари, бидејќи падот на берзите продолжува крајно негативно да влијае и на криптовалутите, чие тргување ги следи таканаречените поризични средства, како што се акциите на технолошките компании. (more…)
Криптовалути
Нексо и Мастеркард ја претставија кредитната картичка базирана на криптовалути


Дигиталната компанија за трговија и кредити со криптовалути „Nexo” објави дека во соработка со глобалната компанија за картички „Mastercard”, во Европа ја пушти во употреба првата кредитна картичка во светот базирана на криптовалути. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје