Connect with us

Домашни банки

Билал Суџубаши: Мотото „Важни се луѓето“ значи грижа за клиентите, деловните партнери и заедницата!

Објавено

на

“Во изминатата година, додека се соочувавме со бројни предизвици поради негативното влијание на пандемијата, Халкбанк неуморно даваше поддршка на економијата, стопанството и населението, што го покажа преку своите одлични резултати од работењето и нудење на широката палета на производи и услуги.  Основата на нашето работење е мотото „Важни се луѓето“, па така, во текот на 2021 покажавме грижа за нашите клиенти, деловни партнери, но и за заедницата во која работиме.” – вели Д-р Билал Суџубаши, Генерален извршен директор на Халкбанк АД Скопје во своето годишно обраќање.

Иако условите не дозволуваа реализирање на некои од нашите идеи, со заеднички напор и соодветна адаптација на таквата ситуација, успеавме да оствариме голем дел од плановите кои ги зацртавме на самиот почеток на годината. Од тие причини, исклучително ни е важно да истакнеме дека годинава забележавме одлични бизнис резултати од работењето, како и раст на кредитирањето од 12% и раст на депозитната база од 10%.

Кога станува збор за кредитните производи за население, забележан е пораст од 25% во однос на 2020 година, кај станбените кредити.

Кредитната поддршка која Банката несебично ја пружи на бизнисите во државата се огледува во порастот од 18% на кредити за правни лица односно кредити дадени на мали бизниси.

Наведените постигнати резултати во 2021 година ја доведоа Халкбанк до 10.6 милиони евра остварена добивка и придонесоа кон пораст од 18% на добивката на Банката, чија актива изнесуваше 1.182 милиони евра на крајот на годината, а тоа е пораст од 9% во однос на 2020 година.

Тргнувајќи од суштината на нашето мото, Халкбанк настојуваше да ја подигне свеста за важноста на инклузија на лицата со попреченост и подобрување на условите во кои тие се образуваат. За таа цел, Банката финансиски ја поддржа изградбата на инклузивни игралишта во ОУ во Тетово и сензорна соба во ОУ во Охрид.

Општествената одговорност беше насочена кон справување со кризата, но, ни малку не ја запоставивме нашата ориентираност и кон редовните општествени проекти кои ги поддржуваме низ годините на нашето делување.

Истовремено, како општествено одговорна компанија, Халкбанк напорно изнаоѓаше решенија за бројните ЕКО проекти, дури и во услови на пандемија. Како проект кому најмногу веруваме дека континуирано ќе придонесува кон оформувањето на здрави навики помеѓу граѓаните, HalkEco апликацијата покажа дека населението е силно мотивирано да ѝ подаде рака на природата и да го замени својот автомобил со велосипед или електричен тротинет и да обавува физички активности, во замена за Халк Еко подарок.

Под капата на оваа апликација, измината година се оддржа и второто издание на  Halk Velo Green велосипедската трка во Маврово, со што таа премина во традиционална трка, со чии собрани средства од котизации беа засадени нови 7.700 садници во околината на Св. Николе.

Со оглед на тоа што HalkEco апликацијата веќе е симбол за поттикнување здрави навики и заштита на животната средина, во таа насока повторно беше организирана трката ,,HalkEco Скопје трча 10КМ“.
Преку успешното функционирање на HalkEco беше овозможено и уредување на зелен корнер во Градскиот парк во градот Гостивар, како донација на Банката кон Општина Гостивар.

Помеѓу бројните атрактивни производи на Халкбанк, изминатата година, во октомври – месецот на штедење, беше активиран ПРОМО депозитот кој на клиентите им понуди можност за орочување на средствата на 13 и 25 месеци со многу привлечни каматни стапки. За штедачите беше понуден и EVOLVE депозитот, кој се карактеризира со растечка каматна стапка, која расте на секои 6 месеци, па така, за 24 месеци како минимален период за времетраење на орочувањето, може да се оствари принос од 2,7% за депозити во денари.

Покрај поддршка на спортот, Во 2021 година, дадовме значаен придонес кон заедницата преку поддршка на културата, заштитата на природата и поддршка на најмладите. Фестивалот на новиот европски филм – Beach Film Festival, кој со својот концепт се издвојува од останатите фестивалски стандарди, доби поддршка од Банката, како и фестивалот When in Krusevo, кој е во насока на промоција на градот Крушево, како познат туристички центар во рамките на земјата.

Високо на приоритетната листа на Халкбанк во изминатата година, се најде поддршката на едукација на децата од предучилишна и училишна возраст. Таквата поддршка започна со приклучување на Банката кон глобалната иницијатива за одбележување на 2 Април – Меѓународниот ден на книгата за деца, со креирање на илустрираната приказна ,,Сликовницата на Халки”, која неколку илјади ученици ја добија како подарок.

2021 година за Халкбанк АД Скопје беше значајна и по тоа што преку неа почна да се одвива платниот промет на државното претпријатие Македонска пошта, кое има исклучително важно место во вкупниот платен промет во земјава, бидејќи преку Пошта се одвива над 25% од вкупниот платен промет во Северна Македонија. Платниот промет сега се одвива преку Халкбанк АД Скопје, во вкупно 324 активни поштенски единици на Македонска пошта АД со 470 шалтерски места кои им стојат на располагање на граѓаните за реализирање на сите плаќања во готово, вклучувајќи ги и плаќањата на сметки за комунални услуги.

Халкбанк денес е лидер во понуда на персонализирани банкарски услуги, како и во воведување нови технологии и обезбедување брза услуга преку високоразвиена, модерна платформа на алтернативни канали. Тоа беше препознаено и од страна на престижното списание Глобал брендс (Global Brands Magazine), кое ја прогласи Халкбанка за „Најдобар финансиски бренд, Северна Македонија за 2021“ (Best Financial Brand, North Maceronia 2021) поради исклучителната посветеност кон иновации, квалитет, активности за брендирање, услуги на клиенти и перформанси.

Ваквите резултати од работењето се потврда дека сме сериозен, стабилен и лојален партнер на граѓаните, стопанството, но и на целото општество во нашата земја.

Во оваа година, максимално ќе го искористиме искутвото кое го стекнавме изминатата година и истото ќе ни послужи како основа за ефикасно делување, инвестирање во заедничко добро и пружање поддршка онаму каде што е најпотребно.

Заеднички ќе работиме кон јакнење на нашиот бренд, во насока на остварување на нашата визија за водечка банка во регионот што е способна да ги изврши сите барања на универзалното банкарство.

Делувајќи според пред сè човечки, па потоа според бизнис вредности, свесни сме за нашата корпоративна и општествена должност и како и досега, продолжуваме континуирано да придонесуваме за развојот на банкарскиот сектор.

Д-р Билал Суџубаши
Главен извршен директор

Домашни банки

Халкбанк ги зголеми платите на своите вработени во просек за 14%

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје изврши генерално покачување на платите на сите, над 700 вработени во банката на ниво на просек од 14%, со што најзначително се влијае на пораст на најниската плата во банката. Со ова Банката уште еднаш ја потврди својата грижа за обезбедување континуиран развој и мотивација на вработените кои се еден од главните чинители на успешното работење на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Капиталните инвестиции и кредитниот раст во главен фокус на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Со раст на нето-добивката, силна кредитна поддршка на населението и на бизнис-секторот, како и со раст на бројот на клиенти и депозити, Стопанска банка АД-Скопје успешно ја заокружи 2022 година. Постигнатите високи резултати во работењето се продолжение на континуираниот раст на Банката и на силната посветеност кон клиентите, вработените и заедницата во целост. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Преку нејзиниот докажан бизнис модел базиран на стабилни фундаменти, Стопанска Банка “изброи” 42,5 милиони евра добивка за 2022 година

Објавено

на

Во согласност со неревидираните финансиски извештаи на Стопанска Банка АД-Скопје (во натамошниот текст: СБ или Банката) со пресечен датум 31.12.2022 година, добивката пред оданочување на Банката изнесува 2.617.019 илјади денари, односно незначителни 4% под нивото остварено минатата година. Истовремено, остварената добивка пред оданочување и исправка на вредност изнесува 3.851.117 илјади денари, што претставува зголемување за 10% во однос на 2021 година. Со тоа, Банката го задржува долгогодишниот континуитет на постигнати успешни финансиски резултати засновани на стабилни фундаменти, прудентен пристап кон ризиците, докажан бизнис – модел, силна капитална позиција и добро корпоративно управување. Успешното работење е остварено во услови на органски раст на активата на Банката која на крајот на годината изнесува 122.848.627 илјади денари, што претставува раст од 8% во однос на 2021 година. На тој начин, Банката го продолжува перманентиот раст на нејзините бизнис – активности во согласност со својата деловна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно