Connect with us

Странски банки

Barclays обвинета за финансиска измама во случајот Катар

Објавено

на

Битанската банка „Barclays“ и четворица поранешни раководители се обвинети за измама поради своите акции во финансиската криза во 2008 година. 

Случајот за сериозна измама се однесува на милијарда фунти што банката ги подигнала од инвеститори во Катар овозможувајќи избегнување владина финансиска помош.

 

„Barclays“ вели дека ја разгледува својата позиција и чека понатамошни детали.

 

„Обвиненијата се јавуваат во контекст на капитализирањето на „Barclays“ во јуни и ноември 2008 година. „Barclays“ чека дополнителни детали за обвиненијата од СФО”, се вели во соопштението на банката.

 

Ова е првпат кривична пријава поврзана со финансиската криза да биде поднесена против банка во Велика Британија.

 

Поранешниот главен извршен директор Џон Варли е еден од четворицата поранешни вработени кои ќе се соочат со судиите на Вестминстер на 3 јули. Поранешниот инвестициски банкар Роџер Џенкинс, поранешен главен извршен директор на Одделот за богатство на „Barclays“, Томас Каларис, и поранешниот европски раководител на финансиски институции, Ричард Бот, се обвинети за заговор за извршување измами во главниот град во јуни 2008 година.

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централните банки во светот забрзано се префрлаат од доларот кон златото

Објавено

на

Централните банки во целиот свет забрзано ги зголемуваат резервите на злато кои ги имаат и кои минатата година достигнаа максимум во последните 31 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

2021 година ќе биде рекордна во однос на профитите за американсите банки!?

Објавено

на

Најголемите банки на „WallStreet” наскоро треба да пријават рекордни профити во 2021 година, благодарение на високите приноси во секторот на инвестициското банкарство и помалите од очекуваните загуби од кредитите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно