Connect with us

Останато

Bankarstvo #askJosif: Спондилоза и искривување

Објавено

на

Многу проблеми поврзани со здравје на мускулатурно-скелетниот систем денес се честа појава кај луѓето кој што се во корпорациски свет и имаат седечка работа. Не би ве советувал да барате вежби за да го избегнете. Прво проверете дали веќе имате некаков проблем и третирајте го со доктор или физиотерапевт.

Доколку го немате тој проблем или доколку го имате, освен што ќе практикувате помош од физиотерапевт или ќе си помагате со вежање, би рекол да размислите кака ви е килажата и каква ви е исхраната. Седечката работа некогаш носи многу поголем проблем кога е со поголема килажа. Кога вие на вашиот ’рбет му нудите седечка работа и неактивност полека мускулите се губат затоа што секоја неактивност телото ја перцепира како немање на потреба од присуство на одредени клетки. Тоа значи дека ако немате активност на одредени мускулни групи можеби тие мускулни групи и мускулните влакна како дел од тие мускулни групи ќе се губат и мускулната маса ќе опаѓа. 

Како ќе опаѓа мускулната маса така многу поголем терет ќе се создава на вашите пршлени, коски,  зглобови и колена. И така настануваат проблемите. Дополнително  кога ја губите мускулната маса  овозможувате да го забавувате метаболизмот. Што значи тоа? Колку повеќе сало имате во телото толку помалку калории согорувате во текот на денот. Колку помалку калории согорувате во текот на денот толку имате поголема тенденција да качувате нова килажа и нови масти. Затоа ќе слушнете некој луѓе “и вода пијам ми се фаќа ”. Тоа значи дека го упропастиле метаболизмот.

Колку повеќе качувате на килажа и имате масти, дополнително тоа е се поголем товар за скелетниот систем кој што нема никаква друга поддршка од вашиот мускулен систем. Затоа прв совет ако веќе имате проблем па макар тоа да биде сколиоза кифоза и.т.н. побарајте вистинска помош од тренер и од физиотерапевт да го решите тоа. 

Втора работа е да бидете активни. Практичен фитнес 15 до 20 минути дома, пешачење или било која друга активност прилагодлива на вас. И трето и најважно нешто е исхраната. Каква ќе ви биде исхраната таков ќе ви биде и составот на вашето тело. Составот на вашето тело односно процентуалната застапеност на мускули во однос на масти е многу важен за тоа како ќе се одрази на скелетниот систем и на сите овие проблеми кои што ние ги перцепираме како последици од седечката работа. Не ја обвинувајте работата. 

ВИДЕО:

Останато

Бесими: Четвртиот пакет мерки има три столба – социјален, опоравување на бизнисот и фискална и финансиска стабилност

Објавено

на

Четвртиот пакет на мерки ќе се заснива на три столба – социјален и здравствен кој ќе се однесува на граѓаните и нивниот стандард, вториот столб ќе биде за бизнисите односно економската активност и работните места, сите активности што подразбираат ликвидност, финансиската стабилност и економското опоравување и третиот столб е фискалната и финансиската стабилност воопшто во економија вклучувајќи ја и финансиската стабилност на општините. Ова го најави министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на емисијата Економски магазин на Алсат-М телевизија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Се очекува следната година да биде година на опоравување со раст од 4,8% на БДП

Објавено

на

Растот за 2021 година првично се очекува да биде 4,8% од БДП, согласно основното сценарио. Следната година се очекува да биде година на економско опоравување, иако појдовната основа за растот од 4,8% ќе биде пониска од претходната година, вели во интервју министерот за финансии, Фатмир Бесими за Економски магазин на телевизија Алсат-М. Тој посочува и дека кризата предизвикана од коронавирусот е од многу поголеми размери во однос на светската финансиска криза од 2009 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими – Арсовска: Со инклузивен процес до решенија за излез од кризата

Објавено

на

Министерот за финансии, Фатмир Бесими оствари официјална работна средба со претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска. (more…)

Продолжи со читање

Популарно