Connect with us

Останато

Bankarstvo #askJosif: Пауза за раздвижување

Објавено

на

Знам дека многу од вас кога ќе се спомне седечката работа, можеби го гледате најголемиот кривец за покачената телесна тежина или затоа што можеби се справуваме со одредени проблеми со р’бетот, со половината итн.

Јас би сакал да ви дадам едно друго гледање и насока на работите. Прво нешто што би ви кажал е дека мора да прифатите како факт дека најверојатно целиот ваш живот  ќе помине во седечка работа. 80% од работните активности во денешно време носат многу седење. Дали ќе бидете дистрибутер за храна, дали ќе бидете вработени во банка, во ревизорска куќа, во осигурителна компанија, во IT компанија.

Доколку тоа го прифатите веќе еден дел сме отклониле. Барем да не покажуваме со прст на седењето и да си го прифаќате како добро алиби дека не може поинаку да живееете. Тоа не е точно. Првиот најголем проблем зошто се јавуваат сите здравствени маки со р’бет, коски, половина итн. е тоа што најчесто многу од вас после седечката работа се префрлуваат на друго средство за седење. Одат дома на кауч, на фотеља и имаат седечко одмарање што е практично и најголемиот проблем.

Не ја обвинувајте вашата работа, туку почнете да превземате мали промени и детали кои што ќе направат разлика. Ако имате фамилијарни обврски и немате време да се запишете на фитнес или во некое студио разбирам, но имате 15 до 20 минути за практичен фитнес. Ако имате скали во местото кај што живеете не користете лифт. Ако имате скали на работното место не се качувајте со лифт и користете скали. Не знам дали знаете еден податок, но ако живеете од 3ти спрат па нагоре  или ако работното место ви е од 3ти спрат и нагоре во една година може да заштедите од 5 до 6 килограми согорени во калории. Најчесто тие мали работи ќе направат огромна разлика доколку ги правиме во континуитет.

Нема да најдете 3 вежби, масер или тренер кој ќе ви помогне доколку вие не превземате мали ситни одлуки во континуитет. Ако користите кола зошто не пробате да користите точак. Ако користите автобус зошто не се симнете една станица порано или качете се една станица подоцна. Столицата заменете ја со пилатес топка. Не мора да биде цела недела или цел ден на пилатес топка. Нека биде тоа најизменично. Овие мали детали верувајте дека прават разлика.

Ако немате време да се запишете на вежбање правете 15 до 20 минути домашни вежби од youtube. Овие работи ви гарантирам дека можат за 25 до 30 години да ви одложат појава на проблеми со мускулатурниот или скелетниот систем. И секако не заборавај дека 80% е исхрана. Може да се убиете од вежбање, но ако хранливите вредности не ги запазувате во денешниот ден тогаш се ќе биде џабе. Вие сте тие што носите одлуки и тие многу мали одлуки во денот ќе ви направат разлика и ќе ви го променат начинот на живот.

ВИДЕО

Останато

Џеф Безос продаде милион акции на Amazon за 3,1 милијарда долари

Објавено

на

Најбогатиот човек на светот, основачот на компанијата „Amazon”, Џеф Безос, во првите денови од август продаде милион акции на компанијата за 3,1 милијарди долари, објави Forbes, повикувајќи се на документацијата доставена до Американската комисија за хартии од вредност (СЕЦ). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Русија има нов најбогат човек – промена на врвот на листата на најбогати Руси според „Forbes“

Објавено

на

За прв пат откако „Forbes“ прави листа на најбогати Руси, на првото место е Сулејман Керимов, сопственик на компанијата за производство на злато „Полиус“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

40 компании ќе добијат ќе добијат поддршка за отворање на нова е-продавница

Објавено

на

Четириесет домашни компании ќе добијат неповратна финансиска и советодавна помош во рамки на јавниот повик од иницијативата „Ecommerce4All” која се реализира од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Избраните апликанти ќе добијат помош за отворање на своја е-продавница со сопствено софтверско решение или како дел од постоечки локален онлајн пазар. (more…)

Продолжи со читање

Популарно