Connect with us

Останато

Bankarstvo #askJosif: Најдобро време за спортување

Објавено

на

Одговорот кога е најдобро да се спортува по мене е и најголемиот проблем зошто луѓето не спортуваат и не вежбаат. Ако почнеме да пребаруваме кога е најдобро да се вежба ќе прочитаме за различни теории кога најмногу ќе се потрошат масти, кои 3 вежби ќе ги истакнат стомачните, кои 5 вежби најмногу ќе согорат масти околу бутини.

Ова се практично и работи поради кои не правиме промена затоа што не можеме да направиме континуитет. Причината е во тоа што барајки го најдобриот начин или најдобрата дисциплина избегнувате да најдете што е најдобро за вас. А за вас е најдобро она што ќе ви придонесе да го правите во континуитет.

Ако можеби одреден ваш пријател кој што вежба наутро и изгледа одлично ви е супер инспирација тоа јас го разбирам и е сосема ок. Но, ако се идентификувате со него и ако во главата ваша има глас кој што вели “јас ова не би можел да го направам”, во право сте ама и тоа нема да ви помогне. Затоа не барајте најдобра дисциплина. Не барајте најдобро време за вежбање. Најдете нешто што ќе ви одговара најмногу за вас бидејќи на тој начин ќе гарантира правење во континуитет.

На некој од вас најдобрата дисциплина ќе му биде фитнес, на некој пливање, јога, пилатес, crossfit. Воопшто не е важно која е дисциплината. Најдете нешто што ќе одговара на вашиот дух и карактер. Нешто што може да се прилагоди на вашето време и дневен биоритам. Така прилагодете го вежбањето, а не според тоа дали ќе стопи најмногу масти.

Вистина е дека најдобро е да вежбате наутро гладни за да осигурате поголемо трошење на масти, но ако притоа немате време и после 2 недели се откажете, тогаш ќе осигурате дека најмалку масти ќе потрошите. Не се фокусирајте на такви глупости. Гледајте што на вас ви одговара и во континуитет правете го. За некој од вас нека биде макар и пешачење. Пешачењето од 30 минути до 1 час барем 4 до 5 пати во неделата ќе ви направи огромна разлика.

Затоа не постои најдобра дисциплина и не постои најдобро време за вежбање. Постои нешто што најмногу ќе се прилагоди на вашиот биоритам, на вашето време, на вашиот карактер и дух и нормално на тоа што ви дозволуваат финансиските можности.

ВИДЕО

Останато

Ангеловска: МојДДВ веќе брои над 315.000 корисници

Објавено

на

„МојДДВ веќе брои над 315.000 корисници”, гордо објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил, притоа додавајќи: „Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги – не само затоа што остварувате право на поврат и може да добиете некоја од дневните и месечни награди туку и поради тоа што учествувате во борбата против сивата економија, против затајувачите”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

На четиричлено семејство во јули му биле потребни 33.265 денари за основни потреби

Објавено

на

На едно четиричлено семејство во просек во јули му биле потребни 33.265 денари за задоволување на основните месечни потреби. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Зајакнати мрежните капацитети на операторите, засега нема промени во цените

Објавено

на

Агенцијата за електронски комункации (АЕК) ги спроведе во пракса сите поднесени барања од операторите за јакнење на капацитетите на мрежите, но засега нема конкретен одговор од нивна страна со намалување на цените на јавните комуникациски услуги. На такво нешто регулаторот упати пред повеќе еден месец откако беа создадени услови за примена на мерките од Уредбата што ја донесе Владата во тек на вонредната состојба со оглед на тоа што пандемијата со КОВИД-19 го зголеми обемот на активности преку интернет. (more…)

Продолжи со читање

Популарно