Connect with us

Останато

Bankarstvo #askJosif: Кафе на работно место

Објавено

на

Пиењето на кафе за време на работа, или општо, пиењето на кафе никогаш не е проблем. Проблем е потребата за кафе. Јас многу често кога разговарам со моите клиенти ги прашувам колку кафиња пијат на ден. Независно од бројката што ќе ми ја кажат, следното прашање ми е дали тоа ти е потреба или ти е задоволство. Доколку тоа е потреба тука повлекувам линија и продолжуваме во следна насока. 

Нема потреба да се запрашувате колку е кафето здраво или колку кафиња е најдобро да се пие затоа што постојат различни факти и студии кој што зборуваат и за бенефитите од кафето, и оние кои што зборуваат за недостатоци. 

Што се случува кога ви е потреба кафето? 

Потреба станува затоа што недостасува енергија. Можеби ми фали концентрација и најчесто барам стимуланс. Коренот на немањето на енергија и коренот на тоа што можеби вие се будите уморни и не можете да функционирате во првиот час е во тоа што вашето тело нема добар градежен материјал кој што ќе ја направи регенерацијата и при кој што метаболичките процеси ќе ослободуваат енергија. Затоа прво нешто што треба да го смените е стилот на живеење. 

Доколку вие имате појадок во првиот саат после будење, доколку имате редовност на оброци и пиете доволно вода, вие ќе имате доволно градежен материјал кој што ќе произведува добра  регенерација и доволно енергија во текот на денот. Притоа нема да се јавуваат падовите на шеќер  што всушност се недостигот на енергија и концентрација. По автоматизам кога ќе ги немате падовите на шеќер ќе немате и потреба за брза енергија. Мозокот препознава брза енергија во 6 работи а тоа се благо, грицки, тесто, пецива, сокови, енергетски пијалоци и кафе. Секогаш кога ќе падне шеќерот односно енергијата и концентрацијата, вие посегнувате по некаков стимуланс.

Можеби наутро ќе биде кафе, подоцна ќе биде пециво, после тоа ќе биде ред чоколадо, па ќе биде второ кафе, па ќе дојдете дома да се испрејадете и на тоа му нема крај. Тоа е најдобриот рецепт за да си го расипете метаболизмот здравјето и изгледот. Јас лично практикувам 2 кафиња во денот затоа што го сакам вкусот и мирисот. Задоволство ми е ама не ми е потреба. 

Ако го гледаме хормоналниот систем на телото најдобро јас би рекол да биде после 1 час од будење. Не треба да му олесните на вашиот систем да се разбуди. Натерајте го сам да ги излачи хормоните кои што треба да го разбудат. Првите 3 недели ќе ви бидат хорор. Вториот момент за пиење на кафе кој што по мене е најдобар е попладне после ручек кога можеби имаме потреба за повеќе енергија и повторно му треба помош на вашиот хормонален систем. 

Затоа тие се двата термини кои што јас би ви ги препорачал, а се разбира не мора да го следите овој пример. Кога сакате направете го. На пауза со колеги, со пријатели на работа. Не е важно ама нека не е потреба.

ВИДЕО

Останато

Презентација на Европски навики за плаќање во 2019 година

Објавено

на

На 19.02 се одржа настан организиран од EOS Матрих на кој темата беше презентација на истражувањето „Европски навики за плаќање“, кое EOS го спроведува веќе 12 години по ред. Целта на настанот беше да се подигне свеста дека неплаќањето на обврски не е проблем само во Македонија, туку е проблем и во Европа и насекаде во светот, колку сме ние далеку или блиску до европските платежни навики, со цел да се идентификуваат мерки и постапки како да се минимизира таа разлика. Како што изјави Катерина Бошевска, директорката на EOS Матрих, во нејзиното поздравно обраќање: (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Инвестиции во луѓе, технологии и ефикасна администрација за посилно темпо на економски раст

Објавено

на

Инвестицијата во човечкиот капитал, во технологии како и реформи за брза ефикасна администрација, ќе овозможи континуитет во економскиот раст кој пак ќе биде генериран од приватниот сектор, вели во интервју за Капитал министерката за финансии Нина Ангеловска потенцирајќи дека е потребно државата преку фискалната политика да биде ветер во грб на приватниот сектор од повеќе аспекти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска и Деспотовски со предлог да се формира регионален ФИТР со седиште во Скопје

Објавено

на

Основање регионален фонд што ќе работи по примерот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) е предлог што министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Деспотовски го дадоа на денешниот Самит на раководители на акцелераторот за конкурентност и иновации, а седиштето на фондот би бил во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно