Домашни банки
ГЛАСАЊЕ: Избор на БАНКА НА ГОДИНАТА за 2021 година

Крајот на една календарска година и почетокот на новата е вистинско време да се сумираат резултатите и да се анализира постигнатиот успех од работењето на домашните банки за 2021 година.
Анализирајќи ги финансиските извештаи, речиси сите банки во Македонија имаат солиден финансиски резултат. Но, освен финансискиот резултат, домашните банки изминатиов период остварија бројни признанија и награди, за најдобра банка, најиновативна банка, награда за општествена одговорност, итн.
Изборот за најдобра банка се прави врз основа на повеќе критериуми: постигнатите финансиски резултати, способноста да генерира профит, да развива нови производи, услуги и технологии, да ги опслужува своите клиенти и да се здобие со стратешка предност.
Токму поради тоа, bankarstvo.mk спроведува анкета според која читателите ќе можат да го дадат своето мислење и да ја изберат најдобрата македонска банка според неколку критериуми.
– воведување на нови производи и услуги (иновативност во работењето);
– атрактивност на каматни стапки и провизии;
– однос на вработените кон клиентите;
– достапност на филијали/експозитури и банкомати;
– корисничка поддршка;
– препознатливост на брендот;
– социјална/општествена одговорност.
Анкетата е активна до 23.01.2022 година (недела).
Резултатите ќе се објават на 26.01.2022 година (среда).
Ве молиме да одговорите на прашањата во продолжение:
Домашни банки
Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)
Домашни банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)
Домашни банки
Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје