Connect with us

Странски банки

Bank of China доби дозвола за работа во Србија

Објавено

на

Bank of China доби дозвола за работа во Србија од Народната банка на Србија (НБС), соопштија од банката.

НБС, по барање на основачот – Bank od China Hungary Close Ltd. од Будимпешта, оцени дека се исполнети сите услови и  даде дозвола за работа на банката која ќе работи под името “Bank of China Srbija, akcionersko drustvo, Beograd”.

 

Банката по добивањето на лиценцата за работа според сите пропишани правила на НБС, се запиша во Централниот регистар. Тоа ќе биде првата кинеска банка која работи во Србија.

 

Основач на банката во Србија е Bank od China Hungary Close Ltd. од Унгарија, чиј сопственик е Bank of China Ltd. од Кина, која е една од првите пет банки во светот по вредноста на трансакциите на пазарот. Банката во Србија, како што е планирано, ќе биде Централна кинеска банка за Балканот и за источна и западна Европа.

 

Според информациите, банката треба да започне со работа на 20 јануари.

 

 

Странски банки

Дали конечно турската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка со цел намалување на енормната инфлација!?

Објавено

на

Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, пренесува турската државна телевизија „ТРТ Хабер”. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Русија почнува со етапно пуштање на својата дигитална рубља

Објавено

на

Централната банка на Русија откри дека започнала со тестирање на својот проект за дигитална рубља и дека ќе биде претставен со нови функции од 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Добивката на најголемата европска банка се намали за 15 проценти во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Најголемата европска банка „HSBC Holdings” објави пад на профитот од 15 проценти во првото полугодие, бидејќи резервите за покривање на потенцијалните загуби од кредитите значително го надминаа растот на нето каматниот приход. (more…)

Продолжи со читање


Популарно