Connect with us

Анализи

Bank of America: ќе има нова криза

Објавено

на

Аналитичарите на американската „Bank of America“ предупредуваат дека трендовите на светските пазари сега се слични на оние пред кризата од 1997-1998-ма година, пренесува „Bloomberg“.

„Одржливиот раст на американската економија, кривата на принос на обврзниците и падот на пазарите во земјите во развој личат на периодот од пред две децении“, истакнува во анализата Мајкл Хартнет.

Она што се сметаше за локализирана валутна криза поради девалвацијата на тајландскиот бат во 1997-ма година, наскоро се шири на други пазари во развој, завршувајќи со банкрот на Русија во 1998-ма година, потсетуваат агенциите.

Во анализата се посочува дека на крајот на 90-тите години на дваесеттиот век за три години доларот поскапе за 25% и тоа беше придружено со пад на пазарите во развој.

Сепак „Bloomberg“ наведува дека анализата на „Bank of America“ има празнини, а азиските економии ќе постигнат раст од 6% во 2020-та година.

Во претходната анализа Светската банка објави дека економијата на глобално ниво во 2018-та и 2019-та се развива оптимистички, но предупреди дека на секои 10 години има рецесија.

Анализи

Златните резерви на моќните држави

Објавено

на

Ако ги рангираме топ 10 најдобрите централни банки во светот нема да забележиме голема промена од година во година. Но, тоа што ќе го забележиме како промена е големината на нивните резерви. Сепак, ниту една држава не може да го надмине САД.

Шест години по ред пак Русија е најголемиот купувач на злато, и нејзините резерви веќе надминуваат 220 тони, претекнувајќи ја Кина, која е на петтото место, покажува истражувањето GFMS Gold Survey.

Земјите со најголеми резерви на злато во првите месеци од 2018 година:

1. САД – 8133,5 тони / 75,2% од резервите на земјата;

2. Германија – 3371 тони / 70,6% од резервите на земјата;

3. Италија – 2451,8 тони / 67,9% од резервите на земјата;

4. Франција – 2436 тони / 63,9% од резервите на земјата;

5. Русија – 1909,8 тони / 17,6% од резервите на земјата;

6. Кина – 1.842,6 тони / 2,4% од резервите на земјата;

7. Швајцарија – 1040 тони / 5,3% од резервите на земјата;

8. Јапонија – 765,2 тони / 2,5% од резервите на земјата;

9. Холандија – 612,5 тони / 68,2% од резервите на земјата;

10. Индија – 560,3 тони / 5,5% од резервите на земјата;

Продолжи со читање

Анализи

Зошто е многу важно здравственото – патничко осигурување

Објавено

на

За планирање на одмор е потребно време и пари. И покрај вашите добри намери, животот е непредвидлив и може да се најдете во тешка ситуација на непознато место. Затоа е важно да се чувствувате сигруно и безбедно дури и ако се случи најлошото. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Што да направите ако банкоматот ви ја ,,проголта” картичката!?

Објавено

на

Дали ви се случило банкоматот да ви ја “проголта“ картичката и во истиот момент да не знаете што да направите, а парите ви се повеќе од потребни? Или можеби сте ваделе пари од банкомат, парите ви се симнати од сметката, а банкоматот не ви ги исфрлил? (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange