Connect with us

Странски банки

“Bank of America” предупредува за потенцијален меур на берзата

Објавено

на

Додека најпознатата криптовалута биткоинот ја надминува границата од 50.000 американски долари, а берзанскиот индекс „Dow Jones” надмина 30.000 поени, новиот извештај на „Bank of America” и „EPFR Global” открива дека најновиот раст на берзата може да „почека за корекција“, пренесува „Bloomberg”.

Податоците на „Bank of America” и „EPFR Global” откриваат дека биле инвестирани дури 58 милијарди долари во акции помеѓу 3 и 10 февруари, што укажува на ниво на екстремен, несоодветен раст.

Резултирачкото чувство на пазарот може да „активира сигнал за продажба“, наведуваат економските експерти на „Bank of America” во извештајот, пренесува „Bloomberg”.

Аналитичарот на „Wilmington Trust” Меган Шу во една статија на „CNBC” изјави дека извештајот открива загрижувачки тренд.

„Она што го видовме од овие податоци на „Bank of America” се рекордни приливи во големи американски компании, како и оние во технолошкиот сектор“, посочи Шу.

„Но, сè уште се посветува премалку внимание на секторите за кои мислиме дека нудат подобар потенцијал за иден поврат на инвестицијата“, што подразбира дека некои сектори сè уште имаат простор за раст.

Во извештајот за „Trading Nation“ на CNBC, таа предупреди: „Парите доаѓаат од маргините и изгледа многу пошпекулативно отколку пред неколку години“.

Нејзиниот совет до малите инвеститори е да избегнуваат криптовалути, мимички (меме) акции и големи технолошки компании и, се разбира, да запомнат дека само 1% од успешните дневни трговци постигнуваат успех и дека на акциите треба да се гледа како на долгорочна инвестиција, а не средство со кое може да се стигне до заработка преку ноќ.

Домашни банки

Групацијата Штаермеркише Шпаркасе оствари нето добивка од 80 милиони евра во 2020 година

Објавено

на

„Минатата година бараше многу од сите нас. Сите моравме да покажеме истрајност, подготвеност за промена, генијалност и храброст. Главно помагавме во области каде што луѓето беа особено погодени од кризата, и во многу случаи бевме во можност да им понудиме на нашите клиенти приспособени решенија: регионално, во нашите локални експозитури и центри за поддршка, како и преку нашите дигитални платформи. И покрај предизвикувачките услови за работа, Штаермеркише Шпаркасе постигна охрабрувачки стапки на раст. Да се ​​биде во можност да се забележи раст на депозитите, кредитите и на вкупниот биланс на состојба во вакви времиња е голема победа за Штаермеркише Шпаркасе и за сите нејзини вработени. Кај трансакциите со хартии од вредност, дефинираните цели беа дури и надминати. Проектите за спојување со Охридска банка во Северна Македонија и Банкхаус Крентшкер ни отвораат нови можности што сакаме да ги искористиме и ќе ги искористиме. Подготвени сме да го продолжиме патот на раст во 2021 година, па дури и да го надминеме“, вели Герхард Фабиш, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

1200 банкарски службеници ќе работат од дома засекогаш!?

Објавено

на

Најголемата европска банка „HSBC” одлучи да префрли повеќе од 1.200 вработени во Велика Британија на постојана работа од дома. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

И Јапонија ќе воведува своја дигитална валута!?

Објавено

на

Јапонската централна банка објави дека започна експерименти за проучување на можноста за издавање сопствена дигитална валута. Со овој потег им се придружува на другите глобални централни банки во истражувањето на опциите во дигиталниот сектор. (more…)

Продолжи со читање




Популарно