Connect with us

Компании

Audi и Huawei ќе работат заедно на технологија за поврзување за автомобили

Објавено

на

Откако најави дека ќе предложи автомобили со Android и ќе работи со Nvidia по вештачка интелигенција за автомобили, Audi потпиша договор со уште еден партнер – Huawei. Кинеската компанија е трет по големина производител на паметни телефони и комуникациски технологии по Apple и Samsung. Со помош на Huawei, Audi ќе развие интелигентна технологија за автомобили, вклучувајќи за автономни системи и поврзани услуги, користејќи go новиот стандард LTE-V за автомобили.

Интелигентното поврзување на возилата овозможува важни информации да се делат со околината. За да се постигне ова, на автомобилите им треба висококвалитетна и стабилна конекција, а проширувањето на овој вид на комуникација бара интензивно истражување и развој.

„Ние имаме намера и понатаму да се зајакнува стратешката соработка во областа на интелигентно поврзување на возилата со компанијата Huawei“, вели Сад Мец, потпретседател на кинескиот оддел на Audi, и додава: „Нашата цел е да се подобри безбедноста и да се оптимизира сообраќајот, за да можеме да креираме интелигентни градови. Овој концепт првично ќе биде фокусиран само на Кина”.

Компаниите Audi и Huawei се надеваат дека нивната соработка уште повеќе ќе го забрза развојот на технологијата за автономно возење и развојот на се поголем број на дигитални услуги. Двете компании се согласиле да развиваат и тренинг програми за подобрување на вештините на технолошките експерти во двете области.

Компании

Нов Зеланд: помалку работни денови за поголема продуктивност

Објавено

на

Компанијата од Нов Зеланд, која во март ја намали работната недела на четири дена, постигна необичен успех. Дури 78 отсто од вработените сметаат дека успеале да постигнат рамнотежа помеѓу работниот и приватниот живот, што претставува зголемување за 24 процентни поени.

240 вработени во „Перпетуал Гардијан“, компанија која управува со фондови и планирање на недвижнини, ја тестираа четиридневната работна недела во текот на март и април, работејќи четири дена по осум часа, но добивале плата за пет.

Џерод Хар, професор за управување со човечки ресурси на Технолошкиот универзитет во Окленд, откри дека задоволството од работата и животот се зголемило на сите нивоа во домот и на работното место, при што вработените подобро ги извршувале своите работни места и уживале повеќе отколку пред експериментот.

Во ноември минатата година нешто повеќе од половината (54%) од персоналот сметале дека можат ефикасно да ги балансираат своите работни и домашни обврски, додека по тестирањето овој број се искачил на 78%.

Продолжи со читање

Компании

“Swatch” со рекордни приходи во првата половина од 2018 година

Објавено

на

Швајцарскиот гигант за часовници објави рекордни приходи во првата половина од годината.

“Swatch” е препознатлив по своите пластични часовници со енергични бои, но исто така поседува и неколку луксузни брендови, вклучувајќи ги и “Breguet” и “Omega”.

Компанијата бележеше пад во продажбата годините наназад бидејќи купувачите од целиот свет се ориентираа кон паметните телефони и паметните часовници.

Ситуацијата сега е обратна поради високата побарувачка за часовници во Азија и Северна Америка. Нето продажбата се зголеми за 14,7 % и изнесуваше 4,27 милијарди франци.

Нето добивката се зголеми за 66,5 % на 468 милиони франци, а оперативната добивка се зголеми за 69,5 % и изнесува 629 милиони франци.

Компанијата додаде дека очекува дополнителен раст на продажбата во втората половина од годината.

Продолжи со читање

Компании

Amazon заработи 2 милијарди долари за 36 часа!

Објавено

на

Неодамна пишувавме како сопственикот на Amazon Џеф Безос е најбогатиот човек на модерното општество. Имено тој го надмина богатството на Бил Гејтс.

Иако започна со недостапен сајт и краш на платформата, Prime Day на Amazon сепак беше успех.

Најголемата онлајн продавница за еден и пол ден успеа да продаде 100 милиони производи. Можеби и паѓањето на вебсајтот беше најдобар показател за оптоварувањето на платформата.

Дел од производите кои беа на продажба, пример Amazon Echo поставија рекорди за најмногу продадени уреди во еден ден.

Компанијaта во период од овие 36 часа најверојатно заработи помеѓу 1,5 и 2 милијарди долари за време на промоцискиот Prime Day , имајќи предвид дека купувачите од целиот свет купија повеќе од 100 милиони производи.

Овие бројки се само претпоставка со оглед на тоа дека вкупната продажба во овие 36 часа беше 3,5 милијарди.

Најпродавани беа уредите на Amazon за гледање телевизија, Fire TV Stick со далечинскиот управувач Alexa Voice Remote, како и паметните звучници Echo Dot.

Ова предизвика акциите на компанијата да скокнат за околу 0,5 % во почетокот на тргувањето на Волстрит, на рекордно високо ниво од 1,858.88 долари, според „Ројтерс“.

 Годинашниот Prime Day почна на 16 јули и траеше 36 часа.

Од Amazon изјавија дека имаат продадено повеќе од еден милион паметни домашни апарати во САД.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange