Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Apple и Google ги избраа најпопуларните апликации за 2018 година

Објавено

на

„Google“ ги објави листите за најдобрите содржини во „Google Play“ за 2018-та, издвоени се победниците меѓу апликациите, игрите, филмовите, сериите и друго. 

За прв пат постои и категорија „Fan Favorite“, во која се прикажани омилените апликации на корисниците. Најдобра апликација за 2018-та година е „Drops“, апликацијата е за учење јазик кој се потпира на учење јазик преку игри. Топ игра на годината е „PUBG Mobile“, а меѓу филмовите на чело во рангирањето се продукции, како „Black Panther“, „Avengers: Infinity War“, „Thor: Ragnarok“ и „Deadpool 2“.

„The Walking Dead“, „Riverdale“, „The Big Bang Theory“, „The Flash“ и „PAW Patrol“ ја предводат листата во категоријата со сериите, а првите пет кај електронските читачи се „Fire and Fury“, „The Outsider“, „Fear“, „12 Rules for Life“ и „Girl“, „Wash Your Face“.

Целосното рангирање на Google можете да го најдете тука.

Apple исто така ги објави своите ранг листи за најпопуларни апликации.  Апликацијата YouTube е на прво место и ги надмина сериозните ривали како Facebook, Instagram и Snapchat.

YouTube лани беше на трето место зад Bitmoji и Snapchat. Годинава Snapchat падна на трето место, а Bitmoji дури на шесто, а Instagram се искачи на второ место.

Меѓу 20-те најпопуларни бесплатни апликации во 2018 година се: YouTube, Instagram, Snapchat, Messenger, Facebook, Bitmoji, Netflix, Google Maps, Gmail, Spotify Music, Amazon, Uber, WhatsApp Messenger, Pandora, Wish, TikTok, CashApp, Google Photos, Google Chrome и Twitter.

Од апликациите што се плаќаат, на врвот се оние за уредување фотографии, а на првото место веќе втора година по ред е Facetune. На второ место е апликацијата за специјални ефекти Kirakira+.

Apple објави и листа на 20 најпопуларни бесплатни игри што ја сочинуваат Fortnite, Helix Jump, Rise Up, PUBG Mobile, Hole.io, Love Balls, Snake VS Block, Rules of Survival, ROBLOX, Dune!, Subway Surfers, Episode, Word Link, Toon Blast, Color Road!, HQ Trivia, Twisty Road!, 8 Ball Pool, Kick the Buddy и Sniper 3D Assassin: Gun Games.

Останато

Иницијатива на ЕЦБ за европска алтернатива на „Visa” и „Mastercard”

Објавено

на

Европската централна банка ја поздрави иницијативата на некои од водечките банки во Европа да го истражи развојот на ривалскиот систем на плаќање што ќе ја доведе во прашање доминацијата на „Visa” и „Mastercard” и заканата од кинеските и американските „Big Tech“ компании. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Мистериозен инвеститор плати 3 милијарди долари за удел во Гаспром

Објавено

на

Рускиот нафтен гигант Гаспром доби 3 милијарди долари продавајќи удел во сопствеништвото на засега мистериозен купувач. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Според Стив Џобс, една карактеристика ги издвојува успешните луѓе од останатите

Објавено

на

Стив Џобс имаше екстремно големи очекувања. Тој се предизвикуваше себеси, но и луѓето околу него, да работат попаметно, повеќе и потешко, така што тој, а и тие, можеа да остварат што сакаат. Џобс веруваше во моќта на пребарувањето, тој веруваше дека сите на некој соодветен начин можеме да се истакнеме во иднина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange