Connect with us

Анализи

АНАЛИЗА: Виза со најголем број на платежни картички, вкупно 31.566 картички се дигитализирани преку мобилен телефон или паметен уред

Објавено

на

Согласно најновите објавени податоци за издадени платежни картички заклучно со 30.09.2021 година од страна на Народната банка, можеме да заклучиме дека продолжува трендот на издавање и користење на бесконтактни картички и нивна дигитализација, односно користење за плаќање преку мобилен телефон, паметен часовник или други паметни уреди. 

Во Северна Македонија, заклучно со 30.09.2021 година издадени се вкупно 2.126.613 платежни картички со функција за подигнување, односно депонирање на готовина. Од нив, на физички лица издадени се вкупно 2.083.558 платежни картички, додека на правни лица 43.055 бизнис картички. Имајќи го предвид овој податок, можеме слободно да заклучиме дека компаниите, барем засега потфрлаат во поглед на поседувањето и користењето на платежните картички во секојдневното функционирање.

Анализирајќи го брендот на картичката, можеме да заклучиме дека најголем број платежни картички поседува Виза, односно 1.167.005 или 54,6% од вкупниот број на платежни картички. Мастеркард поседува 912.238 платежни картички или 42,6%, додека 60.443 платежни картички или 2,8% се од други брендови како Американ Експрес, Дајнерс и сл.

Од аспект на тоа дали платежната картичка е со дебитна функција (дебитна) или со кредитна функција (кредитна), како и што е логично, поголем дел односно 1.742.227 платежни картички или 82,6% се дебитни, наспроти 365.888 или 17,4% кои се кредитни. И кај двете категории преовладуваат физичките лица, односно поголем број и кредитни и дебитни картички поседуваат физичките лица.

Со замената на техонологијата, односно се поголемата распространетост на бесконтактните читачи на платежни картички (ПОС терминали), логично е банките да се насочат кон издавање на бесконтактни платежни картички, без разлика дали станува збор за дебитни, кредитни или бизнис картички. Анализирајќи ја оваа категорија, можеме да заклучиме дека повеќе од половината од картичките кои се во функција, односно 1.410.849 платежни картички се бесконтактни, 684.125 картички се само контактни, односно не можат да функционираат користејќи на NFC технологијата на “допир”, 11.296 платежни картички се само интернет картички, односно можат да се користат само за плаќање онлајн и во категоријата останати картички во која спаѓаат гифт картичките и останати картички кои не може да се класифицираат во ниту една друга категорија има 13.336 платежни картички.

Граѓаните и компаниите постепено ги прифаќаат новите технологии, а кон тоа говори и фактот што се поголем број на платежни картички се дигитализираат од страна на сопствениците. Од вкупниот број на дебитни картички кои се издадени и активни, 22.197 платежни картички се дигитализирани, од кои 21.734 картички се во сопственост на физички лица, додека само 463 картички се во сопственост на правни лица. Притоа, најголемиот дел, односно 21.880 картички се дигитализирани за плаќање преку мобилен телефон, а само мал број од 317 платежни картички се дигитализирани и се користат преку паметни часовници или пак други паметни уреди (тагови). Кога се во прашање кредитните картички, од вкупниот број на издадени и активни картички, 9.359 картички се дигитализирани, од кои 7.473 се на физички лица, додека 1.886 се на правни лица. Од аспект на уредот преку кој се користат, најголем дел или 9.252 картички се дигитализирани на мобилен телефон, додека само 107 картички се дигитализирани на паметен часовник или други паметни уреди.

 

Анализи

АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот

Објавено

на

Рекордниот раст на профитите на банките во текот на оваа година предизвика многу коментари и бурни реакции. Со нетрпение се очекуваат годишните финансиски извештаи на банките за да се види до каде ќе стигнат добивките на банките за 2023 година, односно на кое ниво ќе бидат поставени рекордите.(more…)

Продолжи со читање

Анализи

ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за значително забавување на инфлацијата

Објавено

на

„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, како и во рамките на дискусиите околу Првиот преглед на кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). „Ваквата поставеност придонесе и за одржување на стабилноста на девизниот пазар, којашто беше надополнета и со преземените макропрудентни мерки, преку кои се зајакнува отпорноста на банкарскиот сектор, којшто и натаму е стабилен и ликвиден“, се наведува од страна на Мисијата.   (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Дали заврши времето на евтини потрошувачки кредити? Каматите се движат кон нивото од 2015 година!

Објавено

на

Полека, но сигурно се губи атрактивноста на потрошувачките кредити на банките како „куповна моќ“ на граѓаните за задоволување на некакви желби и потреби од секојдневието. Дефинитивно веќе не е време на примамливи каматни стапки, кои ги правеа потрошувачките кредити „евтино“ решение за обезбедување финансиски средства за некое патување, опремување на домот, школување… Дали времето на „евтините“ потрошувачки кредити дефинитивно заврши или пак ова е само привремен тренд наметнат од инфлаторните притисоци на пазарите? (more…)

Продолжи со читање

Популарно