Connect with us

Анализи

Петте најголеми банки поседуваат 81,3% од вкупната банкарска актива, ќе успеат ли помалите банки да конкурираат во иднина?

Објавено

на

Банкарскиот сектор во Македонија се окрупнува во последните две години, кога во 2020 година згасна Еуростандард Банка АД Скопје, додека во 2021 година Охридска банка АД Скопје се припои кон Шпаркасе Банка.

Широката експертска јавност, говореше за потребата на окрупнување на капиталот во банкарскиот сектор подолг период, уште од времето кога Гувернер на НБ беше Димитар Богов, но во неговиот мандат до такво окрупнување не дојде.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во нејзиниот мандат одзеде една лиценца за работа, онаа на Еуростандард банка, додека исто така во нејзиниот мандат се случи интеграцијата на Шпаркасе и Охридска во една банка.

Анализирајќи ја активата на банките со датум 30.09.2021 година, на првите три позиции последователно се наоѓаат Комерцијална банка, Стопанска банка и НЛБ Банка. Секоја од овие банки поединечно го надминува износот од 100 милијарди денари актива.

По интеграцијата на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и Охридска банка АД Скопје, во еден ентитет под името Шпаркасе банка АД Скопје, консолидираната банка ја презема четвртата позиција по вкупна актива, пред Халкбанк АД Скопје која сега е на 5-тата позиција.

Пазарното учество во вкупната актива на петте најголеми банки изнесува неверојатни 81,3%. Во оваа група на најголеми пет банки спаѓаат Комерцијална банка, Стопанска банка, НЛБ Банка, Шпаркасе банка и Халкбанк.

Сите останати осум системски банки имаат вкупно пазарно учество од 18,7%, а дури седум банки имаат почединечно пазарно учество помало од 5%. Една банка има дури и пазарно учество помало од 1%, односно 0,5%.

Големите банки имаат конкурентска предност во однос на останатите, помали банки, пред се кога е во прашање можноста да понудат поконкурентни каматни стапки на активата и пасивата и поради тоа се отвора прашањето дали помалите банки ќе можат да конкурираат на поголемите или неминовно се наметнува дополнително окрупнување на банкарскиот капитал.

Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк

Анализи

АНАЛИЗА: Виза со најголем број на платежни картички, вкупно 31.566 картички се дигитализирани преку мобилен телефон или паметен уред

Објавено

на

Согласно најновите објавени податоци за издадени платежни картички заклучно со 30.09.2021 година од страна на Народната банка, можеме да заклучиме дека продолжува трендот на издавање и користење на бесконтактни картички и нивна дигитализација, односно користење за плаќање преку мобилен телефон, паметен часовник или други паметни уреди.  (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои се петте најпрофитабилни македонски компании заклучно со третиот квартал од 2021 година!?

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор полека, но сигурно се опоравува од пандемијата на коронавирусот, а доказ за тоа е профитабилноста на компаниите. Заклучно со третиот квартал од годинава, македонските компании ја зголемиле добивката за 52,30 проценти во однос на истиот период од претходната година. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Досегашниот развој на EOS Matrix испраќа силна порака

Објавено

на

EOS Групацијата и покрај падот на приходите од 7,1% сепак успешно ја комплетираше фискалната 2020/21 година. Заработката пред оданочување е поставена на охрабрувачко ниво во целина. На 534,3 милиони евра инвестициски обем во побарувања, се забележува намалување на откупувањето во однос на претходната година (651,3 милиони евра), на ниво помало од планираното како резултат на пандемијата, но од групна перспектива постојаното високо ниво продолжува и понатаму. (more…)

Продолжи со читање

Популарно