Connect with us

Анализи

АНАЛИЗА: Кои се најуспешните во светот на „брзите“ кредити?

Објавено

на

Порталот Analitika.mk изработи детална анализа за компаниите кои нудат брзи кредити и нивните приходи. Целосната анализа можете да ја погледнете на веб страната на Analitika.mk.

Во изминатите неколку години, финансискиот систем во Македонија беше засилен со неколку финансиски друштва со основна дејност микрофинансирање, кои се познати по концептот на “брзо одобрување на микро кредити“.

Тие за мошне краток временски период успеаа да станат актуелни, особено кај населението. Поради тоа, “Таргет Груп“ спроведе детална анализа на петте финансиски друштва кои се лидери согласно висината на приходите.

Од анализираните, четири финансиски друштва се лоцирани во Скопскиот регион, едно во Пелагонискиот регион. Сите пет финансиски друштва кои се “иновација“ на финансискиот пазар во земјава, формирани се во период од 2014-та до 2017-та година.

Согласно билансите, три компании во последните две година прикажале добивка, додека две финансиски друштва прикажале загуби.

На прво место според висината на приходите е финансиско друштво ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, лоцирано во Скопје, формирано на 25 јули 2017 година.

На второ место според висината на приходите е финансиското друштво КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје формирано во јули 2016 година и има бугарски сопственик.

Со приход од скоро 1,2 милиони евра во календарската 2018 та година, финасиското друштво СН ФИНАНСИИ ДОО Битола, единствено што е надвор од Скопскиот регион, е рангирано на трето место. Оваа фирма е основана на крајот од 2016 година и има пет подружницижи а е во сопственост на македонски бизнисмен.

На четврто место според висината на остварените приходи е финансиското друштво М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје – уште една фирма од Скопскиот регион формирана во јули 2014 та година. И оваа фирма е во рацете на бугарски бизнисмен.

На петто место со вкупни приходи во економската 2018 тагодина е финансиското друштво ДИЏИТАЛ ФАЈНАНС ИНТЕРНЕШНАЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ, формирано на крајот од октомври 2016 та година, а како дел од него се уште четири подружници. Ова финансиско друштво е во рацете на македонски бизнисмен.

За целосната анализа посетете ја веб страната Analitika.mk.

Анализи

Најдобри совети како да го реновирате вашиот дом во рамките на буџетот

Објавено

на

Домот треба да биде наше засолниште, но и среќно место каде ќе се релаксираме на крајот од напорниот ден и ќе креираме семејни спомени со нашите најмили. Токму затоа, секој од нас сака да создаде што поудобна и попријатна атмосфера во него. Една од причините поради која може да се одлучите да го реновирате домот е желбата да го направите подобро место за живеење или едноставно сакате промена и свежина во домот. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство?

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ направи анализа на објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, од каде што може да се увиди дека Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2022 година потрошиле 156.2 милиони евра што што претставува пораст од 46,31% во однос на минатата година и учество од 28% од вредноста на вкупните онлајн трансакции. Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Навика која ги издвојува успешните луѓе од останатите

Објавено

на

Патот до успехот често е поплочен со голем напор. Милионерите и олимпијците подеднакво ја нагласуваат важноста да се надмине конкуренцијата и да се поместат своите граници. (more…)

Продолжи со читање

Популарно