Connect with us

Компании

Amazon ќе го прошири уделот на пазарот во САД

Објавено

на

Според ново пазарно истражување приходите на американската технолошка компанија Amazon во САД ќе се зголемуваат во текот на оваа година со 30%  и ќе достигнат речиси 260 милијарди долари.

Компанијата за пазарни анализи на eMarketer, која ја разгледува продажбата на категории на производи, проценува дека приходите на концернот во САД од е-трговија ќе достигнат 258,2 милијарди долари.Тоа значи дека се очекува Amazon да освои речиси половина од американскиот пазар за електронска трговија до крајот на 2018-та година (49,1%), тврдат од  eMarketer. Компанијата заврши во 2017-та година со околу 44% удел на пазарот.

На второ место не е Walmart, како што некои би можеле да очекуваат, туку eBay, според истражувањето на eMarketer. Се очекува eBay да ја заврши годината со удел од околу 6,6% од американскиот пазар за електронска трговија, Apple ќе држи 3,9%, а на „Walmart“ ќе отпаднат едвај 3,7%. Следуваат „Home Depot“, „Best Buy“, „QVC Group“, „Macy’s“, „Costco“ и „Wayfair“.

Исто така е изненадувачки фактот дека пазарот на Amazon расте – т.н. Marketplace е платформа за e-трговија, која е во сопственост и е управувана од „Amazon“ и која им овозможува на продавачи од трети страни да тргуваат, наместо купувачот да купува еден од сопствените брендови на „Amazon“.

Продажбата генерирана од пазарот, ќе биде повеќе од два пати над директна продажба на Amazon во САД до крајот на годината, вели eMarketer. До 2019-та година, продажбата ќе генерира повеќе од 70% од севкупниот бизнис на е-трговија на Amazon.

Компании

Првата безготовинска кафетерија во Југоисточна Европа беше отворена во Нов Белград

Објавено

на

Во Кафетеријата West 65 гостите плаќаат само со картичка или мобилен телефон кој има можност за бесконтактни плаќања. (more…)

Продолжи со читање

Компании

IBM и VISA партнерство – плаќање преку сите уреди во светот

Објавено

на

IBM i Visa се здружија за да им овозможат на компаниите ширум светот брзо и ефикасно да внесат сигурно плаќање со користење на било кој уред или уред кој е поврзан на интернет (Interent Of Things). (more…)

Продолжи со читање

Компании

Џенерал електрик, највредната американска компанија, во сериозни проблеми

Објавено

на

Темелите на Џенерал електрик, некогаш највредна американска компанија и гордост на економијата, сериозно се тресат. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange