Connect with us

Електронско банкарство

Alpha мобилно банкарство – Банка на дланка

Објавено

на

Алфа Банка АД Скопје, на своите клиенти им понуди мобилна апликација за Андроид (Android) и ИОС (iOS), која овозможува едноставен и брз пристап до вашата банкарска сметка.

Alpha мобилно банкарство е во Вашиот телефон, па слободно можете да ги вршите сите трансакции – во движење.

Предности и поволности

· пристапете до Вашите банкарски услуги и производи, на брз и едноставен начин;
· бесплатно пристапете до Вашето портфолио, каде и да сте;
· пониски трошоци за извршени трансакции.

Преземете ја мобилната апликација Alpha Bank Skopje Mobile од Apple Store или Google Store и:

· добијте информации за Вашите тековни сметки и кредити;
· проверете ги состојбата и трансакциите на Вашите сметки;
· плаќајте ги Вашите сметки;
· бесплатни интерни плаќања;
· добивајте информации за курсни листи;
· лоцирајте ја најблиската ескпозитура или банкомат на Алфа Банка.

Информации на еден допир!

Со само едно кликнување, Вие веднаш ги добивате сите информации поврзани со Вашата сметка, комплетен увид на сите услуги, секогаш кога Вам Ви се потребни!

Трансакции во движење!

Alpha мобилно банкарство Ви овозможува брзи и безбедни банкарски трансакции во секое време, плаќање налози онлајн и други плаќања во домашен платен промет, кога Вам Ви одговара, каде и да сте!

Архива на Вашата сметка

Со Alpha мобилно банкарство, сите минати состојби на Вашата сметка се архивираат, со што Вие имате целосен увид во Вашата сметка на екранот на Вашиот смарт-телефон.

Банкарски сервиси

Во секое време добивајте и услуги од сервисен карактер, како што се информации за курсните листи, што дополнително оди во прилог на Вашите онлајн трансакции во земјата.

Преземете ја апликацијата Alpha мобилно банкарство, пополнете барање во најблиската експозитура и бидете во тек со најновите трендови во банкарското работење.

 

Анализи

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ja промовираше Анализата за е-трговија

Објавено

на

Денес се одржа промоцијата на извештајот од сеопфатната анализа за е-трговијата во Македонија насловен “Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба, бариери и препораки за развој на е-трговијата во Република Македонија”, инициран и изработен од првата Асоцијација за е-трговија на Македонија, а поддржан од Mastercard. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Нов модул во електронското банкарство на Силк Роуд Банка AД Скопје

Објавено

на

Во насока на поедноставување и олеснување на процесот на исплата на плати, Силк Роуд Банка ги информира сите правни лица дека почнувајќи од денес (05.06.2018 година) воведе нов модул во апликацијата за електронско банкарство со можност за вчитување на фолио за плати. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Комерцијална банка со нoв промотивен период за дигитализирање на картички со KomPay

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје го продолжи промотивниот период до 30.09.2018 година за бесплатно дигитализирањe до две Mastercard картички издадени од Банката преку мобилната апликација KomPay. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange