Connect with us

Останато

Alibaba оствари промет од неверојатни 38 милијарди долари само за еден ден!

Објавено

на

На кинескиот гигант „Alibaba“ му беа потребни само една минута и осум секунди за да достигне една милијарда долари продажба на стоки за време на кинескиот празник „Singles Day“ (Денови на самците), тврди американската веб-страна за технологија CNET.

Во понеделникот, компанијата објави дека нејзината вкупна продажба во Кина за време на годишниот 24-часовен „Светски ден на купување“ достигна 268,4 милијарди јуани или 38,4 милијарди долари. Тоа е повеќе од сите продажби за време на Денот на благодарноста, Black Friday и Cyber Monday заедно во текот на една година во САД.

Неофицијалниот кинески празник кој се слави на 11-ти ноември беше наречен „Ден на самци“ поради четири единици на тој датум. Овој празник стана експлозивно популарен во последниве години благодарение на кинеските онлајн гиганти за малопродажба Alibaba и JD. Alibaba ја започна годинешната продажба со гигантскиот концерт на американската пејачка мегазвезда Тејлор Свифт.

Продажбите за време на „Денот на самците“ повторно ги урна рекордите поставени претходната година од 30,8 милијарди американски долари. Годинашните продажби го надминале минатогодишниот рекорд за помалку од 17 часа, се вели во извештајот на американската веб-страна за технологија CNET.

 

Останато

Ангеловска: Реотварањето на економијата – побрзо, приходите во јуни – подобри од очекуваното

Објавено

на

Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на COVID-19 кризата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП: Се заокружи второто тримесечје на МојДДВ за 2020 година, исплата ќе се врши во август

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 30.06.2020 година се заокружи второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на „Airbnb“, Брајан Чески: „Ни требаа 12 години да го изградиме брендот, а изгубивме скоро сè за само 6 недели“

Објавено

на

Можете да поминете децении во градењето на вашиот сон, а светот може да го уништи со нешто што е случајно како пандемија на непознат вирус. Ова е точно она што и се случи на компанијата „Airbnb“ и на нејзиниот извршнен  директор Брајан Чески, со појавата на Ковид-19 годинава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно