Connect with us

Компании

Alibaba лансира рекламен софтвер со вештачка интелигенција

Објавено

на

Кинеската компанија за е-трговија Alibaba лансира софтвер за реклами кој во себе инкорпорира вештачка интелигенција. Всушност, станува збор за алатка која може да пишува 20 000 реда рекламни пораки во секунда.

Новиот софтвер, интегриран во „Tmall“, „Taobao“, „Mei.com“ и „1688.com“ –платформи за е-трговија во сопственост на компанијата, им овозможува на компаниите да притиснат копче  со кое ќе генерираат различни промотивни идеи за нивните производи.

„Целата содржина, создадена од „AI Copywriter“, е резултат од примената на модели за длабоко учење, тренирани со огромни количини на квалитетна содржина создадена од луѓе“, коментира Кристина Лу, генерален менаџер на маркетинг единица на „Alibaba“ – „Alimama“.

„Човечката креативност е пресвртница за машината која не може да ја замени креативноста на луѓето. „AI“ за маркетинг … им овозможува на луѓето да посветат повеќе енергија на креативната работа“, додава таа.

Рекламирањето стана важен извор на приходи за „Alibaba“. Предвидувања покажуваат дека таа ќе собере околу 40% од сите буџети од мобилното рекламирање во Кина во следната година, што е еквивалентно на повеќе од 20 милијарди долари.

Компании

Оглас за вработување во Порше Брокер А.Д. Скопје

Објавено

на

Порше Брокер А.Д. Скопје објавува

ОГЛАС

за вработување на
Брокер во осигурување во Скопје (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Македонски Телеком АД Скопје

Објавено

на

Македонски Телеком АД Скопје објавува  (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Апаве

Објавено

на

Апаве СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas). (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange