Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Компании

Airbnb со поголема заштита на правата на потрошувачите

Објавено

на

Airbnb ги прифати барањата на ЕУ (откако Европската комисија и органите за потрошувачи на ЕУ во јули поднесоа жалба против компанијата), предизвикани од загриженоста дека корисниците можат да бидат збунети со комплицираната структура на цени, кои можат да вклучуваат неочекувани трошоци, како наплата на чистење на крајот на престојот.

Airbnb ќе ги смени условите на користење, па така патниците ќе можат да ги тужат своите домаќини ако некое од правилата е прекршено.

Airbnb се обврза да ја обезбеди вкупната цена на резервациите, вклучувајќи и дополнителни трошоци, како што се услугите и трошоците за чистење. Кога не е можно однапред да се пресмета крајната цена, платформата ќе го извести корисникот дека може да има дополнителни трошоци.

По новите измени на условите за користење, корисниците можат да ги користат сите достапни средства за правна заштита, и поконкретно, за нивното право да поднесат барање против домаќин, во случај да страдаат или да претрпат друга штета. Airbnb јасно ќе им укаже на потрошувачите дека имаат право да поднесат тужба против платформата во судовите во нивната земја на живеење. Исто така, се обврзува да објасни дали понудата е од приватен или професионален домаќин, бидејќи правилата за заштита на потрошувачите се различни во двата случаи.

Airbnb ќе мора да ги информира потрошувачите при одлучувањето за раскинување на договорот или отстранување на содржината и ќе им даде право на жалба и надомест доколку е соодветно.

Компанијата треба да ги претстави овие промени на својата веб-страница до крајот на декември 2018 година за сите јазични верзии на јазиците на ЕУ.

 

Компании

Оглас за вработување во КД Фондови

Објавено

на

КД Фондови АД Скопје е членка Generali group, групација која е една од најголемите светски финасиски компании.

Основен бизнис на КД Фондови е управувањето со инвестициски фондови. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува: (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Кроациа осигурување – Живот

Објавено

на

КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за осигурување на живот Скопје, прва и водечка компанија во полето на осигурување на Живот во Р. Македонија објавува ОГЛАС за вработување на 1 работник на работно место: (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange