Останато
АЕТМ: Ќе се одбираат најдобрите е-трговци за 2022 година

Започна пријавувањето за најдобрите е-продавници во Република Северна Македонија за 2022 година. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија по втор пат го организира овој избор со кој ќе се наградат најдобрите во е-трговијата во нашата земја за 2022 година. Најдобрите македонски е-трговци ќе се одбираат во 23 категории поделени во три секции: “Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање”, “Најдобри е-продавници по сектори” и “Шампиони во е-трговија”. Дел од категориите за кои што можат да се номинираат е-трговците се: “Најпопуларна е-продавница”, “Е-продавница на годината за храна и пијалоци на годината”, “Е-трговец со најдобра грижа за корисници”, “Најдобра е-продавница со меѓународна продажба” итн., а главната награда е резервирана за категоријата “Е-трговец на годината”.
„Целта на наградите не е само да се истакнат најдобрите е-продавници, туку и целокупна промоција на е-трговијата и подигнување на свеста за нејзиниот потенцијал. Натпреварот ќе придонесе и за зајакнување на конкурентноста и охрабрување и мотивирање на е-трговците за подобрување и унапредување на нивното работење“ – велат од АЕТМ.
Процесот на избирање на најдобрите се прави во пет фази, а започнува со прибирање на пријави и номинации на е-трговци. Номинирањето и пријавувањето на е-трговците е бесплатно и може да се направи заклучно со понеделник, 13 јануари, до 23:59 часот преку официјалната веб страница на наградите – www.ecommerceawards.mk. По номинирањето следува проверка на апликациите и објава на номинираните компании. За номинираните компании кои ќе бидат јавно објавени на официјалната веб страница ecommerceawards.mk ќе може да се гласа електронски, согласно утврдената методологија за гласање и прогласување на победниците, која е јавно објавена во рамки на Правилникот за наградите за е-трговија. Свечениот настан за доделување на наградите на најдобрите македонски е-трговци за 2022 година ќе се оддржи во март 2023.
Инаку, на првите награди за е-трговија беа номинирани над 150 е-трговци, за кои гласаа повеќе од 5000 гласачи и стручна жири комисија. Свечената манифестација за доделување на првите македонски награди за е-трговија за 2021 година “Ecommerce Awards”се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци, а целиот настан изобилуваше со богата забавна програма составена од бројни домашни актери и уметници и на истата беа доделени 30 награди во вкупно 18 категории.
Иницијативата “E-commerce Awards 2022” е поддржана од Мастеркард како генерален партнер и од Германското друштво за меѓународна соработка GIZ како главен поддржувач, а дополнително заинтересираните компании кои сакаат да придонесат во организацијата на оваа иницијатива ќе имаат можност да се вклучат како поддржувачи.
Повеќе информации за правилата за учество и номинирањето на е-трговците се достапни на официјалната веб страница: ecommerceawards.mk.
Останато
„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)
Останато
Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје