Електронско банкарство
AETM лансира “Алијанса за родова еднаквост на работното место”


Асоцијацијата за е-трговија на Македонија официјално ја презентираше Алијансата за родова еднаквост на работното место (анг. Gender Equality Alliance – GEA), иницијатива која ќе се стреми да придонесе за еднакви можности, еднаква застапеност и еднакво вреднување на трудот. ГЕА ќе биде насочена кон создавање инклузивна култура каде што и жените и мажите се вреднуваат за нивниот уникатен придонес во работната средина, што ќе создаде нови начини, синергии и платформи за решавање на критичните прашања кои влијаат на развојот на жените на работното место.
На настанот по повод лансирањето на иницијативата се обрати Mинистерката за труд и социјална политика – г-ѓа Јованка Тренчевска.
“Министерството за труд и социјална политика континуирано работи на креирање на политики, стратегии и предлог закони кои директно се насочени кон унапредувањето на родовата еднаквост. Во тек на 2021 година МТСП ја подготви новата „Стратегија за родова еднаквост 2022-2027 која има за цел постигнување родова еднаквост во општество во кое жените и мажите, девојчињата и момчињата, имаат еднакви права, пристап до ресурси, можности и заштита во сите сфери на животот, како услов за целокупен и одржлив економски, демографски, социјален развој и напредок на земјата. Започнат е и процесот на изработка на вториот Индекс за родова еднаквост, кој ги проценува разликите меѓу жените и мажите преку економски, политички, образовни и здравствени критериуми. Но би сакала да истакнам дека се работи и на нов Закон за работни односи – со кои се предвидува родителско отсуство со што се унапредува родовата еднаквост, но и усвојување на постапка за ратификација на Конвенцијата 190 на МОТ која се однесува на справувањње со насилство и вознемирување на работа.”
Претседателката на АЕТМ и ГЕА, Д-р Нина Ангеловска, потенцираше дека компаниите треба да преземат водечка улога во промовирањето на родовата еднаквост на работното место, како и да бидат пример за другите.
“Речиси сите студии укажуваат на фактот дека поголема вклученост на жените на високи позиции води до подобри бизнис перформанси, а дека тимовите со еднаква застапеност се поефикасни. Недоволната застапеност на жените претставува загуба за бизнисите, општествата и економиите. Алијансата за родова еднаквост (ГЕА) е фокусирана на адресирање на родовиот јаз на работното место и се стреми да претставува платформа која ќе овозможи компаниите да преземат активна и водечка улога во промовирањето на родова еднаквoст, и преку кревањето на свеста за пропуштениот потенцијал за нашите компании, општество и економија да поттикне јавно-приватен дијалог кој ќе биде проследен со акција и промени. Промените тргнуваат од секој ден од нас, а мали здружени чекори може да донесат значајни промени кои се од интерес и за доброто на секој еден од нас.“ – истакна Ангеловска во поздравното обраќање
На настанот беа присутни претставници од развојните меѓународни организации, бизнис секторот, невладиниот и владиниот сектор, пред кои беа промовирани кратки видеа за подигнување на свеста за важноста на еднаквоста на работното место, претставувајќи ги клучните партнери како примери со нивните насочени пораки на темата.
Инаку, заложбите на Алијансата се дел од #GenerationEquality иницијативата на UN Women каде Алијансата е препознаена како т.н Committment maker. #GenerationEquality има за цел да поттикне моќна и трајна коалиција за родова еднаквост и претставува витален момент за активистите, феминистките, младите и сојузниците да постигнат трансформативни промени за генерациите што доаѓаат.
„За да постигнеме одржлива родова еднаквост како и трансформативни промени за генерациите што доаѓаат, важно е да се премости јазот помеѓу генерациите, да се разменат искуства, мислења, заложби, да се најдат нови креативни и иновативни начини, за да може секоја девојка и секоја жена да учествува еднакво, со моќ на одлучување во сите сфери на животот. Акционите коалции како дел од Еднаквост на генерациите допринесуваат кон тоа.” – истакна Весна Ивановиќ-Кастареде, програмски специјалист и шеф на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија.
„Родовата еднаквост на работното место е стратегија на победници. Кога во една организација има спој од различни луѓе, полесно се доаѓа до подобри идеи, а со тоа неизбежно и до супериорни резултати во работењето. Во средина во која се поттикнува родовата еднаквост и се цени различноста, луѓето се посреќни и се чувствуваат пријатно, заради што и допринесуваат повеќе. Целта на оваа иницијатива е да ги мотивира сите чинители да ја препознаат вредноста во различноста, затоа што постигнувањето на родова еднаквост е одговорност на секој еден од нас и треба да ни биде социјален и економски императив.“ – изјави г-ѓа Марија Томеска, Претседател на управниот одбор на Еуролинк осигурување, која е воедно и член на Советот на Алијансата.
Г-дин Емил Крстановски, Национален координатор на Меѓународната организација за труд додаде дека „Економскиот и општествениот императив на родовата еднаквост повеќе не може да се доведува во прашање. Сепак, фрустрирачки спорото темпо на промени во последните децении, и покрај законските и институционалните мерки, покажуваат на структурни бариери. Жените продолжуваат да се прилагодуваат на свет на работата обликуван од мажите за мажите.“
ГЕА е формирана со поддршката од Мастеркард, Касис и Еуролинк осигурување како главни партнери и A1 Македонија како партнер и е отворена за сите кои сакаат да се вклучат и да ја искажат својата поддршка кон нејзините цели.
Домашни банки
Брзо и сигурно плаќање со HalkPay, Вашиот мобилен паричник


Халкбанк АД Скопје со задоволство ги информира своите почитувани клиенти дека отсега HalkPay е достапен и со Visa картичките на Халкбанк. (more…)
Електронско банкарство
Вредноста на онлајн трансакциите во 2021 изнесува 437 милиони евра, годишен раст од 59%


Од започнувањето на пандeмијата, е-трговијата на глобално ниво забележа значително забрзан раст. Исклучок од ова не беше ниту Северна Македонија каде забележителен е значителен раст во бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции и тоа најмногу во трансакциите реализирани со домашни картички кон домашни е-трговци. (more…)
Електронско банкарство
Топ 5 предности на бесконтактното плаќање


Во услови на пандемија и во време на мерки и препораки за одржување дистанца и избегнување директен контакт, бесконтактните картички се покажаа како вистинска благодет. Иако кај одредена група граѓани постоеше доза на недоверба во ваквите картички, избегнувањето на допир при плаќањата со нив, како и брзината на вршење на трансакциите, обезбеди вистински подем на ваквиот тип плаќања. Во склоп на овие предности, во продолжение ви пренесуваме неколку причини за користење на бесконтактните картички на Halkbank, кои гарантираме дека ќе ви го олеснат секојдневието. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје