Connect with us

Кредити

A++ наменски кеш кредити за финансирање енергетско ефикасни производи на Охридска Банка

Објавено

на

Изворот на средствата е од кредитната линија која е дел од програмата за финансирање на зелена економија во Западен Балкан (Western Balkans Green Economy – GEFF), со која Европската банка за обнова и развој (EBRD) поддржува и финансира инвестиции и проекти за енергетска ефикасност на домаќинствата во Македонија.

Искористете ги поволностите на наменските А++ кредити на Охридска банка Сосиете Женерал, инвестирајте во технологиии со повисоко ниво на енергетска ефикасност и побрзо дојдете до енергетско ефикасен дом.

Успешно имплементираните проекти се прифатливи за инвестициски грантови од 15% до 20% од вредноста на инвестицијата.

Основни карактеристики

  • Поволна каматна стапка од 5,5%;
  • До 20% поврат на средства од износот на одобрениот кредит;
  • Можност за дополнителна заштита со вклучување на животно осигурување во Вашиот кредит.

Придобивки 

  • Неповратен кеш бонус како потстрек за реализиран проект во опсег од 15% -20%;
  • Зголемен буџет во домаќинствата следствено на намалени трошоци за енергенти;
  • Зголемување на вредноста на недвижностите;
  • Зголемена доверливост на опремата;
  • Поповолни услови на финансирање.

Прифатливи технологии за финансирање и можност за грант

Листата на категории кои опфаќаат технологии прифатливи за кредитирање од страна на GEFF е он-лајн каталог достапен на официјалната ВЕБ страница на Селекторот на технологија – Technology Selector на следниот линк

Вклучени се следните категории на производи:

  • Енергетско ефикасни прозори, врати и застаклување
  • Изолација на надворешни ѕидови, покрив и подкровје, под и преградни ѕидови
  • Печки / котли на биомаса / Котли на гас
  • Соларни колектори за топла вода
  • Фотоволтаични системи
  • Топлински пумпи (електрични или на гас)
  • Високо ефикасно осветлување, ниско температурно осветлување
  • Балансирана механичка вентилација со рекуперација на топлина
  • Акумулациони бојлери за топла вода

Прифатливите проекти вклучуваат финансирање на технологии од Селекторот на технологија, како и трошоци за помошни материјали, достава и инсталација до дефинираниот максимален процент од трошоците за технологијата.

Како до кредит?

Многу едноставно:

1. Одберете ја Вашата инвестиција – Користете го Селекторот на технологија на http://technology-mk.ebrdgeff.com/  и одберете технологија во која што сакате да инвестирате и испечатете го сертификатот за прифатливост.

2. Земете про-фактура за одбраните технологии од одбраниот трговец(и)/дистрибутер(и).

3. Аплицирајте за А++ кредит – обратете се во најблиската експозитура на Охридска Банка Сосиете Женерал. Понесете со себе валидна лична карта/пасош или друг валиден документ за идентификација, про-фактура од Вашата планирана инвестиција, Сертификат за прифатливост на технологијата, документација поврзана со обезбедување и пополнете го стандардниот сет на документи за аплицирање за потпрошувачки кредит.

4. Инсталирајте ја технологијата и потоа известете ја Банката. Тимот на GEFF ќе ги верификува трошоците за инсталираната технологија врз основа на уредно доставената документација и Барање за верификација на проектот . По успешната потврда, Охридска Банка Сосиете Женерал ќе го исплати инвестицискиот грант на Вашата сметка во Банката.

За повеќе информации и проверка на потребната документација, проверете на следниот линк.

Домашни банки

НЛБ Банка со промотивна кампања за потрошувачките кредити до крајот на годината

Објавено

на

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, НЛБ Банка подготви промотивна кампања за потрошувачките кредити. Овој декември клиентите ќе можат да ги реализираат своите планови благодарение на промотивната понуда со подолг рок на отплата, едноставна процедура и низа други придобивки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Потрошувачки и станбени кредити од Комерцијална банка со осигурување од Триглав

Објавено

на

Комерцијална банка понуди потрошувачки и станбени кредити со уште поповолни услови – обезбедени со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на
групацијата Триглав. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Хипотекарен кредит со 4,5% фиксна каматна стапка за пет години од Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Оствари ги твоите соништа со најповолниот хипотекарен ненаменски, потрошувачки кредит од Стопанска банка а.д. Битола. (more…)

Продолжи со читање



Популарно