Connect with us

Депозити

99,4% од граѓаните кои штеделе во Еуростандард банка ќе бидат обештетени, но што ќе биде со фирмите!?

Објавено

на

Народната банка и ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје и до надлежниот суд достави предлог за отворање стечајна постапка во банката. Со отворањето на стечајна постапка се очекува брза и ефикасна наплата на побарувањата на доверителите.

Фондот за осигурување на депозити по одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка АД Скопје ги извести сите физички лица – депоненти на Еуростандард банка АД Скопје дека обесштетувањето по основ на вкупни депозити кои ги имаат во Банката ќе започне во рок од 20 дена и ќе се изврши во согласност со законските прописи.

Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на 12 август 2020 година.

Директорот на Фондот за осигурување на депозити објави дека ќе бидат обесштетени 99,4% од вкупниот број на депоненти-физички лица на банката, односно 136.619 клиенти во вкупна вредност од 4,4 милијарди денари или 71,5 милиони евра.

Но, свои депозити во Еуростандард банка имаат депонентите – правни лица, па се поставува прашањето што ќе биде со нивните депозити и дали тие треба да стравуваат дека тие ќе пропаднат?

„Побарувањето по основ на своите депозити во Еуростандард банка, депонентите-правни лица ќе може да го остварат од стечајната маса на банката, а се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка во банката. Нема потреба да се поднесува посебно барање или да се пријави своето побарување по основ на депозит од стечајната маса на банката”, велат од Народната банка во деталното соопштение за депонентите.

Со оглед дека Еуростандард банка е исклучена од платниот промет од земјава и странство, и правните како и физичките лица нема да се во можност да ги користат своите сметки отворени во банката и ако веќе немаат во други банки ќе треба да отворат нови сметки.

„Ако имате сметка во друга банка, со цел за непречено деловно работење потребно е да ја користите таа сметка. Претходно, потребно е да ја контактирате банката во којашто е отворена сметката (преку е-пошта или преку телефонскиот контакт-центар) за да се информирате дали е потребно да ги ажурирате вашите податоци. Доколку немате сметка во друга банка, потребно е да отворите сметка во некоја од останатите банки во земјата, по ваш избор. Со цел непречено да остварувате парични приливи во иднина, препорачуваме сите правни и физички лица со кои имате деловна соработка, писмено да ги известите за промената на сметката на правното лице, при што ќе ги наведете бројот на сметката и банката во која таа е отворена“, велат од Народната банка.

Депозити

Со EVOLVE депозитот од Халкбанк остварете принос на вашата заштеда од 2,7%

Објавено

на

Имате заштедено средства кои сакате да ви бидат на сигурно и згора на тоа на нив да остварите приход? (more…)

Продолжи со читање

Анализи

ОБИЧНИТЕ ЗАШТЕДИ СТАНУВААТ СЕ ПОНЕАТРАКТИВНИ – наместо штедачите да добијат камата, тие и плаќаат камата на банката!?

Објавено

на

За разлика од порано кога штедните влогови биле многу исплатливи и штедачите добивале навистина убави сума на пари како камата за своите заштеди, сега тие се се понеатрактивни и стануваат товар за штедачите. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Известување за клиентите на Шпаркасе Банка иматели на орочени депозити со прилагодлива каматна стапка

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија ги информира постоечките клиенти физички лица кои се иматели на орочени депозити со прилагодлива каматна стапка дека по присоединувањето на Охридска Банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, планирано за втората половина на Јули 2021 година кај овие производи Банката нема да ја менува висината на каматната стапка до датумот на доспевање. (more…)

Продолжи со читање



Популарно