Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Осигурување

7 причини зошто ми треба животно осигурување

Објавено

на

Осигурувањето на живот е една од оние работи кои се потребни за секого, но има многу малку луѓе кои го користат. Лесно е да се одложи купувањето политика кога сте млади и релативно здрави. Но, колку подолго чекате, толку е поголема шансата нешто да се случи пред да бидете покриени со осигурување.

Можеби купувањето на осигурување на живот е на вашата листа на задачи, но не сте се доближиле до тоа. Проверете ги овие 7 причини зошто не можете да си дозволите да чекате повеќе.

  1. Ќе ви ги замени изгубените приходи кога ќе се пензионирате.
  2. Ќе имате средства за вашиот погреб.
  3. Да ги отплатите вашите долгови.
  4. Да го испланирате образованието на своите деца.
  5. Да имате потполна финансиска независност и да ја одржите личната ликвидност.
  6. Да можете да инвестирате во нешто ново.
  7. Ако имате сопствена компанија или сте менаџер во некој и нешто ви се случи, бизнисот нема да дојде во тешка финансиска ситуација.

Никој навистина не може да ја предвиди иднината. Но, да имате осигурување на живот значи дека вие и вашите најблиски може да се подготвите за било каква неочекувана ситуација. Дури и со мала полиса за осигурување, може спиете малку полесно ноќе, знаејќи дека вашето семејство има заштита во секое време, ако нешто ви се случи.

Повеќе

Осигурување

Дружбата со Винко и Ивце Пивце помина во фантастична атмосфера

Објавено

на

Во саботата Винер Лајф организираше настан од отворен карактер за сите мали и големи деца кои имаа желба да го запознаат малото слатко и харизматично Бувче Винко! (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Дружба со Винко и Ивце Пивце во Градски парк Скопје!

Објавено

на

Вашето дете е Вашата најголема среќа, а неговото здравје е Ваша најголема грижа! Заштитата на здравјето на Вашето дете е една од најголемите финансиски одлуки што некогаш ќе ги направите во животот. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Групацијата Триглав на тримесечје ја потврдува најавата за планираната годишна добивка

Објавено

на

Во првите три месеци од 2019-та година Групацијата Триглав фактурираше 317 милиони евра бруто консолидирана премија, што е 8% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Консолидираната бруто добивка порасна за 8% и изнесува 29,9 милиони евра. Имајќи ги во вид предвидените околности до крајот на годината, Групацијата ја потврдува најавата за планираниот годишен резултат. Паралелно со доброто работење во осигурителната дејност, што е изразено преку поволниот комбиниран коефициент на Групацијата, Триглав го зголеми обемот на средства со кои што управува за своите клиенти. Оваа година, Групацијата продолжува да ја спроведува својата стратегија на раст и развој, успешно го заврши купувањето на друштвото АЛТА Склади и влезе на македонскиот пазар на пензиски осигурувања. Триглав Осигурување Скопје, кој е дел од Групацијата Триглав, во првиот квартал од 2019-та година работеше добро во својата основна дејност и ја зачува лидерската позиција на македонскиот пазар на неживотно осигурување. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange