Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

7% од кредитоспособните лица, лани зеле брз кредит

Објавено

на

Граѓаните се заинтересирани за услугите на финансиските друштва, познати како брзи кредити. Земаат просечно меѓу 200 и 400 евра кредит, а во минатата година седум отсто од кредитоспособното население во земјава било опслужено од овие финансиски друштва. Од година во година секторот расте, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва.

“Целта е да работиме заедно во обезбедување унифицирани стандарди за квалитет на индустријата и да изградиме контруктивен дијалог со законодавците и надзорните органи”, рече претседателот на Асоцијата, Филип Димитровски, кој е извршен директор на друштвото „Тиго“.

Тој соопшти дека секторот на небанкарски финаниски услуги се развива брзо во целиот свет и дека ваков тренд има и во земјата на што укажуваат и бројките на издадени кредити од 4,6 милиони во 2016 година, 17,5 милиони евра во 2017 година и за 2018 очекуваат двојно зголемување во однос на 2017 година.

Најчести корисници на услугите на овие друштва се физичките лица, а Димитровски посочува дека тие покриваат седум отсто од кредитоспособното население, односно тоа се група потрошувачи кои не се услужени во традиционалниот банкарски сектор.

“Нудиме брза, квалитетна и транспарентна услуга”, истакнува Димитровски, додавајќи дека нема загрижувачки процентот на неможноста за наплата на кредитите.

Вели имаат механизми за проверка на клиентите и дека во случај на не враќање на средствата може да ангажираат надворешна компанија и на крајот со извршител.

Посочија дека за разлика од банкарскиот сектор имаат поголеми трошоци, и дека секторот работи со загуба.

Во земјава првото финансиско друштво почнува да работи во 2011 година. Во моментов се активни 24 друштва, а во асоцијацијата на почеток се вклучени седум друштва, кои денеска потпишаа и Кодекс за добра праса со цел да обезбеди повисоко ниво на заштита и јасни правила на соработка со клиентите кои добиле заем или планираат да земат одреден заем од членка на Асоцијацијата. Знакот за сигурност е „Одговорен кредитор“, што ќе биде поставен на видно место во друштвото.

Димитровски ги повика да се вклучат во асоцијацијата и останатите друштва и да се приклучат кон кодексот.

Останато

Јовановиќ: Мислев дека “метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес и местеа милионски тендери

Објавено

на

Поранешниот советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, се огласи по повод промената која ја најави премиерот Зоран Заев за смената на Министерот за финансии, Драган Тевдовски. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Истражување – Колкави се просечните месечни нето примања во ИТ секторот?

Објавено

на

Во периодот од 6 февруари до 6 март 2019 година, македонскиот портал за информатичка и комуникациска технологија IT.mk спроведе опсежна анкета за состојбата на македонската ИТ работна сила. Анкетата, во која земаа учество повеќе од илјада професионалци од ИТ индустријата, прикажува клучни факти за програмерите, девелоперите, графичките дизајнери и професионалците од областа на дигиталниот маркетинг во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Вчера во Битола се отвори нов мултифункционален комплекс „СН СООБРАЌАЕН ЦЕНТАР” Инвестиција вредна 5,5 милиони евра

Објавено

на

Вчера во Битола СН Осигурителен Брокер АД Битола отвора нов мултифункционален комплекс „СН СООБРАЌАЕН ЦЕНТАР”, единствен од ваков тип на територијата на Битола и околината. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange