Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Лични финансии

7 Бизнис лекции кои ги научив од Ари Голд

Објавено

на

Во соработка со Македонската Асоцијација за Продажба во периодот што следи ќе објавуваме текстови кои ќе ви помогнат да ги подобрите продажните вештини, да ја зголемите самодовербата и да го подобрите вашиот продажен ефект.

Во продолжение прочитајте за 7те бизнис лекции од неверојатниот Ари Голд.

Серијата Entourage ми е една од најомилените серии. Го гледам цел серијал скоро на секои две години. Но, не ја гледам поради главниот карактер, го гледам поради Ари Голд. Серијалот е сниман по животот на Марк Волберг, а карактерот Ари Голд е базиран на Ари Емануел, што значи дека таму некаде во Холивуд има вистински Ари Голд!!!

Во случај да не си го гледал серијалот (гледај го под итно), Ари е агент кој ја застапува филмската ѕвезда. Тој е упорен до крај кога треба да се заврши нешто и тоа е една од причините зошто го сакам толку овој серијал… Поради лекциите кои ги учам во секоја епизода само од Ари.

Да го гледаш Ари Голд е исто како да добиеш интензивен курс за тоа како да доминираш во презаситен пазар.

Само најдобрите продавачи можат да излезат на крај со работите кои ги прави Ари Голд.
Секој пат кога ќе го видам како работи, ми доаѓа да го земам телефонот и да почнам да се јавувам на потенцијални клиенти! Шоуто и тоа како ме мотивира!

Дозволи да ги споделам 7-те бизнис лекции кои ги научив од овој карактер:

Сопружникот не мора да верува во твојот сон: Поголемиот дел од времето сопругата на Ари му се качува на глава за нешто. Се жали дека многу работи. Се жали дека не поминува доволно време со децата. Му вика кога ги инвестира нивните пари. Но, бидејќи е продавач каков што е, го прави тоа што сака да го направи и потоа бара прошка. Не му е гајле дали сопругата се согласува
или не знае дека на крај може да ја убеди да го поддржи.

Ја ставаш работата на прво место се додека можеш: Ари скоро секогаш ја убедува и и се извинува на сопругата за работата, се додека не му даде ултиматум. Ќе се смири на две недели, и потоа пак се враќа се по старо. Ги притиска работите до сам крај, но никогаш не го поминува тој праг после кој нема враќање назад. Секогаш го дува балонот доволно за да не пукне.

Кога си на пат да бидеш најдобар во нешто, се фокусираш 100% на тоа. Тоа најчесто значи дека воопшто не им обрнуваш внимание на оние околу тебе. Ова може сериозно да ги изнервира најблиските, но сите знаеме дека тоа е жртва која мора да се направи. Оди до границите, но никогаш не ги преминувај. Нема враќање назад кога еднаш ќе се преминат.

Направи ТОЧНО како што ќе кажеш дека ќе направиш: Дури и кога ќе направи ветување дека ќе се одмазди, Ари секогаш си стои на зборот. Има јазик на политичар, но никогаш не си го повлекува зборот. Ако ти каже дека ќе направи нешто, ќе се снајде. Ако треба да му заврши работа на Вини (ѕвездата во серијалот), секогаш наоѓа начин за тоа.

Ако ја гледаш која било епизода, ќе видиш дека Ари секогаш прави храбри изјави. И никогаш не се повлекува од нив, никогаш. И да направи некое скоро невозможно ветување кон Вини, секогаш наоѓа начин да го исполни. Тоа е тоа што го храни за да биде успешен. Да ги правиш работите точно како што ќе кажеш дека ќе ги направиш е многу ретка и почитувана карактеристика. Дури и во Холивуд.

Биди упорен во тоа што го сакаш: Ништо, значи ништо не застанува помеѓу Ари и тоа што Ари го сака. Гладен е да виде најдобар агент, да го застапува кремот на кремовите од таленти во Холивуд и се убива од работа за да стигне таму. Не дозволува конкуренцијата, големи холивудски директори, продуценти, па дури ни актери да го спречат во тоа да биде “човекот”. Научи ја оваа лекција од Ари Голд: Ако сакаш нешто, прави се што треба за да го добиеш. Ако не сакаш правиш се, значи дека не го сакаш ни тоа нешто.

Третирај ги клиентите како ЗЛАТО: Ари се превртува од работа за Вини Чејс секоја епизода. Од купување на билети за Лејкерси за во прв ред, до праќање лимузина за да го земе. Ари го третира секој негов клиент како да е злато. И да немаат пари. Од секаде влече услуги само за да се осигура дека неговите најдобри клиенти се добро згрижени.

Лекцијата која ја научив од Ари е ова: Бара многу работа за да “фатиш” страшно добар клиент. Но кога ќе ги придобиеш, немој да престанеш да ги третираш како што треба. Многу бизниси придобиваат клиенти, а потоа ги запоставуваат. Немој да го изгубиш тоа за што си се испотил за да го добиеш. Третирај ги клиентите така како што заслужуваат да ги третираш, и помножи го тоа со 10.

Користи ја својата мрежа на познаници максимално: Една работа што ќе видиш дека прави Ари во секоја епизода е постојано ја користи својата мрежа на познаници. Се јавува за да добие улоги за клиентите, им наоѓа работа на луѓето од интерес и обезбедува средства за проекти на продуценти. Ари е мајстор за барање услуги. Се убил од работа за да може да го прави тоа.

Кога ќе и дадеш вредност на твојата мрежа на познаници, и да не те сакаат, ќе ти го дадат тоа што ти треба. Карактерите во Entourage работат со него бидејќи не сакаат да работат против него или да “го налутат”.

Кажи како што е, без разлика дали ќе им се допаѓа тоа што ќе го кажеш: Ако одбереш да ја држиш устата затворена и одбиеш да се изјасниш, никогаш нема да го добиеш тоа што го сакаш. Ари не се плаши да го каже тоа што го гледа. Ги има навредено скоро сите во Холивуд, но сите тие знаат што Ари има на ум. Не мора да ги шармира сите со муабет затоа што знае дека така треба да изгуби и време и енергија. Кога знае нешто, знае со убедување. Не се плаши да биде груб бидејќи знае во себе дека е во право.

Луѓето можеби не сакаат да ја кажат вистината, но ги почитуваат тие што ја кажуваат.

Тоа е се што ти треба.

Ако не си ја гледал Entourage, сега е време да почнеш да ја гледаш. Не практикувам многу гледање телевизија, но ова е серијал во кој вреди да се инвестира време. Секоја епизода е полна со лекции. Дефинитивно вреди и викенд маратон за гледање.

Лични финансии

Позитива на денот: “ОК е”, Фејсбук статус на Фросина Ѓорѓиовска

Објавено

на

Кога ќе станеме, само една позитивна мисла ни е доволна за да ни го направи целиот ден позитивен. Ќе се трудиме по еден таков позитивен импулс да споделуваме со вас секој ден. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Дали ЦЕНАТА е продажна алатка?

Објавено

на

Во соработка со Македонската Асоцијација за Продажба во периодот што следи ќе објавуваме текстови кои ќе ви помогнат да ги подобрите продажните вештини, да ја зголемите самодовербата и да го подобрите вашиот продажен ефект.

Ова е вечното прашање што ги мачи почетниците, но и искусните продавачи во услови на голема конкуренција, а со кое се прави притисок кај продажните менаџери да размислуват пред се за намалување, или едноставно прилагодување на цената на конкуренцијата. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

10 работи кои ги научи Нина Ангеловска од Групер продавајќи 1 милион купони

Објавено

на

Приказната на Grouper започна во Јануари 2011 година. Пасијата да ја променат е-трговијата и навиките за онлајн купување беа нивната главна водилка. Првиот македонски сајт за групни попусти понуди атрактивни попусти и непобедливи зделки кои до тогаш не беа понудени на нашиот пазар – тоа беше главниот поттик за илјадници Македонци да се впуштат во онлајн купување и голем дел од нив да ја направат својата прва онлајн трансакција на Grouper!  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange