Connect with us

Депозити

Од Фондот за осигурување на депозити со соопштение до депонентите во Еуростандард банка

Објавено

на

Фондот за осигурување на депозити ги информира физичките лица-депоненти во „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај дека обесштетувањето на осигурениот износ на нивниот депозит до законски утврдениот максимален износ од 30.000 евра ќе се исплаќа еднократно и ќе биде достапен за исплата од денот на почеток на исплатата на обесштетувањето.

„Поконкретно, во врска со вчерашната објава на Фондот за осигурување на депозити, појаснуваме дека секој депонент ќе има на располагање 36 месеци, односно 3 години од денот на почеток на исплатата, за кога ќе биде во можност да го оствари своето право на обесштетување во банките-исплатувачи.

Но, правото на исплата на обесштетување не застарува. По истекот на овој временски период, депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување во банките-исплатувачи, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој останува посветен да обезбеди обесштетување независно кога депонентот ќе достави барање за да го оствари своето право на обесштетување.

Веќе се подготвува распределбата на депонентите по банки-исплатувачи и се изготвуваат потврдите за депозит, со цел процесот на исплатата на обесштетувањето да се одвива максимално ефикасно и едноставно. Во текот на следните денови ќе биде соопштен датумот на којшто ќе започне исплатата.”, се вели во соопштението на Фондот за осигурување на депозити.

Депозити

ПРОМО ФИКС – промотивни депозити на ТТК Банка во денари и во евра

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда на ПРОМО ФИКС депозитите за физички лица со атрактивна ФИКСНА каматна стапка за штедење во денари на 15 и 25 месеци, и евра на 15, 25 и 36 месеци, во промотивен период до 15.1.2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Фиксна каматна стапка до 1,2% – нов скалест депозит од Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола креираше нов депозитен производ, во моментот еден од најповолните депозити на пазарот, со кој на своите клиенти им нуди најконкурентна каматна стапка. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Новогодишен “BOOM” депозит од Капитал банка

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје со нова неверојатна кампања за штедење! (more…)

Продолжи со читање

Популарно