Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

65% од населението во САД штеди многу малку или не штеди воопшто

Објавено

на

И покрај ниската стапка на невработеност и порастот на платите, Американците сè уште не штедат многу. Најновото истражување на Bankrate покажа дека 20% од Американците воопшто не заштедуваат ниту еден долар од нивните годишни приходи, па дури и оние што штедат, не заштедуваат многу.

Само 16% од испитаниците велат дека заштедуваат повеќе од 15% од она што го прават, што е генерално препорачливо од експертите. Една четвртина од испитаниците пријавуваат заштеда помеѓу 6% и 10% од нивниот приход, а 21% велат дека заштедуваат 5% или помалку.

Процент на заштеда од годишна плата:

“Со стабилен, значаен дел од работното население што штеди ништо или релативно малку, практично се гарантира дека тие нема да можат да си дозволат скромни трошоци за итни случаи или да се пензионираат”, вели Марк Хамрик, виш економски аналитичар во Bankrate. “Тоа е финансиски загуба” додаде тој.

Причини зошто не успеваат да заштедат пари:

Но, заштеда на пари за пензионирање или штедење во генерална смисла на зборот не мора да биде толку тешко како што изгледа. За почеток, секој што сака да заштеди треба да почне од намалување на трошоците. Може да го разгледате на пример намалувањето на домот и да го намалите данокот на имот на годишно ниво, да ги намалите сметките за намирници или да го направите приоритет да ви биде да го елиминира долгот.

 

 

Анализи

Вештачката интелигенција ќе остави 10 милиони банкари без работа до 2030 година

Објавено

на

Студијата на IHS Markit предвидува дека Вештачката интелигенција (AI – Artificial Intelligence) ќе им заштеди 300 милијарди долари на банките до 2030 година, истовремено оставајќи околу десет милиони банкари без работа. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

„FinanceThink“: Плата во плико најмногу земаат вработените осигурени на минимална плата

Објавено

на

Анализа направена од „FinanceThink“ покажува дека 17,8 проценти од работниците во државата, кои имаат формален договор за вработување, добиле плата во плико односно плата на рака. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

60% од клиентите се подготвени да ги споделат своите лични податоци со банките и осигурителните компании

Објавено

на

Повеќе од половина од испитаниците се подготвени да ги споделат своите лични податоци со осигурителните компании и банките за да имаат корист, како што се изработка на персонални понуди и попусти, покажува истражувањето на Accenture, кое опфати вкупно 47.000 учесници на 28 пазари. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange