Connect with us

Лични финансии

6 работи кои “Millennials”не ги разбираат за парите

Објавено

на

“Millennials”, исто така познати како Генерација Y или Gen Y, е генерацискa демографскa групa. Нема точни датуми за оваа група да започне или да заврши; Демографите и истражувачите обично ги користат раните 1980-ти години како почетни години на раѓање и во средината на 1990-тите до раните 2000-ти години како завршни години на раѓање. Миллениалците понекогаш се нарекуваат “ехо буммери”, поради големиот пораст на наталитетот во 1980-тите и 1990-тите години.

Иако милениумските карактеристики се разликуваат по регион, во зависност од социјалните и економските услови генерацијата генерално се карактеризира со зголемена употреба и познавање на комуникациите, медиумите и дигиталните технологии. Но кога се парите во прашање тие заостануваат во споредба со другите. Нивните знаења се многу базични, добиени од разговор со пријатели или од статии и профили на интернет.

Основните 6 работи кои миленијалците не ги разбираат се:

  • Може да не приметат дека имаат некој долг;
  • Не знаат како да ги вратат кредитите во банката (особено е потенцирај овој проблем во Америка каде што скоро секој има студентски кредит);
  • Не ја разбираат важноста за здравственото и пензиското осигурување;
  • Не знаат како да ги плаќаат сметките и многу често ги забораваат;
  • Имаат проблем со пресметување на данок;
  • Не знаат како да преговараат за своите пари.

Единствената добра карактеристика е дека знаат да штедат. Тие штедат многу повеќе од нивните родители кога биле во иститие години (пр. 25 години) иако заработуваат многу помалку од тоа што заработувале нивните родители во истите години. Во некои држави, миленијалците може да заработуваат до 50% помалку од нивните родители. Светскиот просек е дека миленијалците заработуваат 10 000 долари годишно помалку од родителите.

Секако ова е генерализација и се базира на карактеристиките на поголемиот дел “millennials”. Оние кој знаат како со финансиите се најчесто дел од финансиско-осигурителниот сектор.

Лични финансии

Топ 5 причини зошто вашата картичка може да биде одбиена

Објавено

на

Oдбиената кредитна картичка веројатно е еден од најзасрамувачките моменти од нашиот живот, особено ако сте прв во долга линија на клиенти или уште полошо, немате друг начин на плаќање.

Кога касиерката ја поминува вашата кредитна картичка, платниот систем комуницира со издавачот на вашата кредитна картичка за да утврди дали вашата кредитна картичка е валидна и имате доволно средства за трансакцијата. Ако сето тоа е во ред со вашата кредитна картичка, системот испраќа “одобрено” како порака и вашата трансакција завршува. Меѓутоа, во некои случаи, издавачот на кредитна картичка испраќа порака за одбивање на трансакцијата.

Причините зошто вашата кредитна картичка е одбиена се:

  1. Немате доволно слободен кредит;
  2. Банката ви ја блокирала сметката;
  3. Кредитната картичка ви е истечена;
  4. Вие сте жртва на измама, односно некој влегол во банкарскиот систем и ги “собрал„ вашите пари;
  5. Внесувате погрешен пин повеќе од 3 пати.

Во вакви ситуации останете смирени и не ги обвинувајте келнерите и касиерите. Токму спротивното, колку сте посмирени и покултурни кон нив, толку тие повеќе ќе сакаат да работат со вас на решавање на непријатната ситуација.

Одбиената кредитна картичка е секогаш можност. Дури и ако ги извршите сите ваши плаќања на време и да ја држите вашата кредитна картичка во добра состојба, не знаете што се случува на крајот со издавачот на кредитна картичка. Секогаш носете најмалку два начини на плаќање со вас, на пр. кредитна картичка и дебитна картичка. На тој начин нема да наидете на проблем да ја завршите трансакцијата.

Продолжи со читање

Лични финансии

Како штедат пари во Велика Британија?

Објавено

на

Британците се познати по тоа што не знаат да штедат пари и се најлошите штедачи во светот. Една четвртина од возрасните во Велика Британијанемаат никаква заштеда.  (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Зошто треба да ги штедам парите во банка?

Објавено

на

Проблемот е што криењето пари во вашиот дом е веројатно најлошото нешто што можете да направите. Затоа, банките нудат безбедно решение за штедење пари и е единствениот правилен начин каде треба да ги чувате парите. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange