Connect with us

Колумни

6 причини поради кои треба да ја смените банката?

Објавено

на

Постојат работи кои можеме и работи кои не можаме да ги толерираме. Некои од нив говорат дека можеби дошло време да се смени банката Ова се неколку причини за да го направите тоа.

  1. Надокнади, такси
    Банките им наплатуваат на клиентите надокнади за одредени производи и услуги кои ги користат и не ги користат. Некои можеби и не сте ги забележале. Ако имате високи или неочекувани трошоци, на пример, на сметките за одржување, високи трансакциски провизии, високи камати, можеби е време да размислите за промена. Овие трошоци можат бргу да се соберат и да се прикажат на вашата сметка. Можеби ќе можете да ги елиминирате ако разговарате со својот банкарски службеник, но одете вооружени со знаење каде можете да добиете подобра понуда.
  2. Достапност
    Банкарските услуги треба да бидат според вашите потреби. Всушност, тоа се ваши пари, така што би требало да можете да ги користите кога и како што сакате. Во секој момент треба да имате пристап до своите пари. Тоа е една од најважмните работи при изборот на банка. .

Ако сакате готовина за вас е важно да бидете сигурни дека можете да ги подигнете своите пари во секој момент. Распоредот на банкомати и на експозитури на банките е од пресудно значење при нејзиниот избор.

Ако сакате да го следите секој свој налог каде и да сте, за тоа ви е потребна функција како мобилно банкарство и онлајн трансакции. Банката која ја бирате мора да ги има тие можности, а притоа да не ги наплатува дополнително.

  1. Кориснички сервис
    Некои банки изгледа не го ставаат на прво место односот со клиентите. Ако се чувствувате невидливо на шалтерите, референтите за кредити или претставниците на корисничкиот сервис не го сослушале адекватно вашиот проблем, можеби е време да се разгледува промена на банката и барање на онаа која ќе ви понуди попријатно банкарско искуство. Исто така, проверете дали СОС линијата или онлајн сервисот ви се на располагање 24/7.
  2. Не го следи движењето на каматите
    Сакате можност да заработите фер каматна стапка на своите штедни сметки. Немојте да ја пропуштите приликата парите кои веќе ги имате за вас да заработат дополнителни пари. Ако вашата банка не дава пристојни камати на заштедите, тоа е можеби уште една причина да размислите за промена.
  3. Сигурност
    Ако агенцијата за осигурување на депозитите не ја осигурува вашата банка, сметајте го тоа за црвено светло. Оваа организација е одговорна за осигурување на парите кои се во банките, вклучувајќи ги и заштедите. Важно е да се уверите дека вашите пари се на сигурно.
  4. Промени во начинот на живот
    Ако неодамна сте имале промена на вашата одговорност на работа, на работното место, на брачната состојба или финасиската, на здравјето, можеби ќе морате да разгледате нови банкарски можности. Кога вашите банкарски потреби се менуваат, тоа е добро време повторно да процените дали вашата банка и понатаму ги задоцволува тие потреби. .

На пример, ако вашата банка нема најдобри каматни стапки на хипотекарните кредити, а вие оваа година планирате да купите стан, можеби ќе сакате да ја разгледате можноста за преминување во банка која дава подобра понуда.

Ако се одлучите да направите промена, важно е да споредите повеќе банки и да ја пронајдете најдобрата понуда која не подразбира високи трошоци и ги има на располагање опциите кои вам во моментот ви се потребни.

При преминувањето во друга банка задолжително затворете ги сите сметки и намирете ги сите обврски кон претходната банка.

Колумни

НОВА Е КОЛЕШКАТА!?

Објавено

на

Се почесто банките се соочуваат со фактот дека поради одредени причини искусните вработени си заминуваат, односно успеваат да најдат подобра работа. Можеби станува збор за работа каде можат да ја искажат својата креативност, можеби е подобро платена, можеби има помалку притисоци, итн… (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Учењето и здравјето

Објавено

на

Концептот на доживотно учење значи учење во сите периоди од животот (од млади до постари години), во неформален и формален облик. Со концептот на доживотно учење најчесто се поврзуваат економските цели, на пример, постигнување поголема конкурентност или зголемување на можноста за вработување. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

РОБИН ШАРМА: Секојдневните навики не носат кон големите достигнувања!

Објавено

на

Дали знаете дека големите достигнувања се помалку се должат на вашата генетика и среќа, а се повеќе на вашите ритуали и секојдневни активности? Професионалците не се повеќе надарени од вас – тие само имаат подобра организација на своите дневни навики.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange