Connect with us

Лични финансии

6 причини зошто да инвестирате во инвестициски фонд

Објавено

на

Кога сте заинтересирани да заштедите пари, постојат неколку вештини кои можете да ги научите со цел да ви помогнат да заштедите уште повеќе. Овие вештини можат да ви помогнат да ги пратите вашите пари и да ви помогне да потрошите помалку од сумата која ја заработувате, бидејќи вие преземате лична одговорност за повеќе аспекти од вашите финансии.

За почеток, почнете да трошите помалку отколку што заработувате. Тоа е златното правило за подобрување на финансиската состојба. Друго многу важно правило е доколку не се разбирате во инвестиции, немојте да форсирате и да мислите дека сте најпаметни, туку побарајте совет од вистински професионалец кој целосно се има посветено на истражувања и анализа на пазарот и кој ќе ви помогне да ги максимизирате вложените пари.

Во продолжение ви укажуваме на 6 причини зошто да инвестирате во инвестициски фонд:

1. Трошковни поволности

Доколку сами вложувате на берза, ќе ви биде потребни огромна сума на пари за да купите акции во одредена компанија. Со инвестирање во инвестициски фонд, со помалку средства може да имате повеќе удели во многу светски компании како Apple, Microsoft, Nestle, Johnson&Johnson итн.

2. Висок поврат на инвестицијата

За разлика од другите финансиски институции, инвестициските фондови нудат многу поголем поврат на инвестицијата поради големата стапка на принос.

  • Банките и штедилниците нудат 1-2,5% каматна стапка за депозити
  • Пензиските фондови нудат 3-4,5% каматни стапки за доброволните пензиски фондови
  • Акциските инвестицкиски фондови нудат 8-12% каматни стапки на принос

3. Професионално менаџирање на средствата

Инвестирањето во хартии од вредност одзема многу време и бара голема посветеност. За да заштедите на време и да постигнете максимални резултати, Вашите средства доверете ги на професионален тим кој целосно се има посветено на истражувања и анализа на пазарот, со цел максимизирање на Вашата добивка и намалување на ризикот.

4. Нееднакви уплати на средства

Вашите месечни уплати не мора да бидат секогаш идентични. Една од предностите на инвестициските фондови е тоа дека секој месец можете да инвестирате онолку колку што можете да одвоите, без тоа да биде оптеретување за вашиот месечен буџет.

5. Ликвидност на средствата

Во инвестициските фондови не постојат орочени средства. Парите кои ги инвестирате во инвестициски фонд, ви се достапни во секое време, кога и да посакате да ги повлечете. Исплатата на средствата се врши најдоцна до 5 работни денови.

6. Дизперзираност на ризикот

За да се намали пазарниот ризик, инвестициските фондови развиваат диверзифицирани портфолија, односно инвестираат во различни хартии од вредност (акции, обврзници, депозити, вложуваат во различни валути, итн). Со тоа се намалува ризикот, дури и при пад на дел од акциите или валутите во портфолиото, фондот да продолжи да бележи раст.

Лични финансии

Бизнис бар: Како да давате совети без да изгледа дека шефувате

Објавено

на

Убаво е да им понудите зборови на мудрост на оние во вашите најблиски кругови, но границата помеѓу искреното давање совети и изгледот на сезнајко може да биде мала. Дури и ако вашиот совет е побаран или добредојден, сепак може да биде незгодно бирањето на вистинската порака. Уште покомплексно е да го понудите вашиот совет ако не се побара. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Станете експерт во вашата индустрија за 9 месеци

Објавено

на

Еве како можете да станете експерт во рекордно време, така што луѓето нема да имаат друг избор освен да ве забележат: (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: 5 вештини на најуспешните продавачи

Објавено

на

Претварањето на потенцијален во лојален клиент започнува со успешната продажба. Продавачот е тој кој го креира првиот впечаток и затоа мора да научи како да работи ефикасно и како ефективно да комуницира. Успешните продавачи знаат дека треба да постигнат специфични вештини за да креираат квалитетно искуство за клиентите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно