Connect with us

Платежни картички

6 лекции за банкарската индустрија од American Express

Објавено

на

American Express стана господар за добивање на најмногу од секоја фаза од патувањето на клиентите, од апликациите за сметки и одобрувања, до ангажирање и упатување.

Секогаш кога се направени споредби помеѓу American Express и банкарската индустрија, многу банкарски раководители брзо кажуваат за компанијата: “организациите со картички се различни од банкарството”, или “American Express само цели кон премиум сегментот” или дури “American Express е монолин бизнис, за разлика од понудата на широк асортиман на услуги”. Додека секој од овие аргументи е валиден, American Express може да ги поучува банките и кредитните унии многу за тоа како да усовршат сè, од отворање на нова сметка до ангажман на потрошувачите и крос-продажба.

Платежната индустрија се соочува со истите предизвици и можности на традиционалното банкарство, вклучувајќи ја и следната динамика:

  • Брзо менување на екосистемот, нагласен со развојот на потребите на потрошувачите, зголемената конкуренција и постојаните регулаторни промени;
  • Зголемено значење на дигиталните канали;
  • Воведување и прифаќање на нови дигитални технологии;
  • Зголемено значење на податоци и напредна анализа;
  • Мрежи кои ги разменуваат традиционалните готовински и кредитни трансакции;
  • За да одиме напред, секоја фаза од патувањето на клиентот мора да биде усовршена и дигитализирана на персонализиран и беспрекорен начин, искористувајќи ги предностите на промените на пазарот погоре.

Лекциите на American Express кои се одговор на најголемите предизвици во денешницата се:

  1. Направете дигитален начин, кој ќе биде многу едноставен, за полесно отворање на нови банкарски сметки;
  2. Имајте силна вредносна пропозиција и јасно комуницирајте ја со клиентите;
  3. Максимизирајте ја вредноста на податоците – American Express ги употребува сите можни податоци за клиентите;
  4. Дозволете им на корисниците да стапат во комуникација со вас преку нивниот мобилен телефон;
  5. Одржувајте силна врска со Millenials и
  6. Изградете програма базирана на препораки од пријатели.

American Express, a.k.a. AmEx, е еден од 20-те светски светски брендови. Компанијата за финансиски услуги е основана во 1850 година. Таа е една од 30-те компании кои го сочинуваат индексот Индустриски индекс Дау Џонс. Основна дејност на компанијата е кредитни картички и патнички чекови. American Express кредитни картички се гледаат како премиум производ. Kомпанијата има помалку кредитни загуби од своите конкуренти. Компанијата сака да се задржи со традиција. Нејзиниот слоган “Don’t Leave Home Without It”  датира од 1975 година. AmEx е често високо рангиран на индустриските листи. Списанието “Fortune” го наброја како една од 30-те најценети компании во светот и “Њујорк тајмс” објави дека има 91% стапка на задоволство на клиентите.

Затоа, нивните совети се добредојдени кај сите финансиски инстируции.

Платежните картички American Express во Македонија се достапни единствено преку Силк Роуд Банка.

Платежни картички

PayPal ќе стане прв избор на корисниците

Објавено

на

Нема сомнение дека малите фирми за Fintech и големите технолошки компании влијаат на начинот на кој потрошувачите го прават своето банкарство. Од решенијата за дигитални заштеди за исплата на P2P и единствени алтернативи за кредитирање, традиционалните банки се под напад од сите правци во скоро секоја категорија производи и услуги. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Black Friday “лудилото” на Grouper започнува денес!

Објавено

на

Утре е најголемиот шопинг празник на попустите Black Friday, а најголемиот сајт за попусти во земјава, Grouper.mk, најавува дека големите попусти до 95% кај нив стартуваат од денес на пладне!

(more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

“Black Friday” шопинг изненадување со American Express

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје за корисниците на American Express картичките подготви вистинско шопинг изненадување по повод претстојниот ден на шопингот “Black Friday”. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange