Connect with us

Лични финансии

6 инвестиции кои треба да ги направите за себе

Објавено

на

Доколку сакате вашата кариера и вашиот живот да тргнe на подобро во новата 2020 година, време е да инвестирате во себе.

Всушност, на сите ни е познато дека не се постигнува напредок без инвестиции.

“Инвестиции во подобрување на сопствените вештини, сопствениот имиџ, па дури и алатки кои ни се потребни за да успееме, ја зголемуваат нашата вредност во целина.”, вели мотивацискиот тренер за раст и развој Стасија Пирс.

Тоа не значи дека ќе треба да потрошите еден тон пари за да се унапредите. Дури и малите инвестиции ќе направат голема разлика. Поентата е да ставите вредност на себе, со инвестирање во себе.

Во продолжение ви прикажуваме 6 начини за да започнете да инвестирате во себе:

1. Инвестирајте во вашиот имиџ

Од вашиот имиџ ќе зависи пристапот на луѓето кон вас и начинот на кој тие ќе ви се обраќаат. Бидете сигурни дека соработниците ќе ве сметаат како сериозен играч доколку инвестирате во квалитетен аутфит во кој секогаш ќе делувате елегантно и средено. Изберете ги парчињата облека кои најдобро ви прилегаат, прават да изгледате модерно и елегантно, но истовремено се соодветни за вашата работна средина.

Купувајте облека која ќе прави да се чувствувате сигурни и полни со самодоверба кога ја носите. Треба да изгледате добро, да се чувствувате добро и секогаш да бидете претставителни.

Бидете сигурни дека вашиот имиџ зборува многу за вашата личност.

2. Бидете сериозни во грижата за вашето тело и изглед

Извршувањето на вежби и јадење здрава храна е од суштинско значење за вашиот успех. Со цел да бидате ефективни во вашата работа, ќе ви треба енергија, јасност и издржливост, а вежбање го подобрува сето то. Без разлика дали тоа е посета на сала за кревање товар, трчање или брзо пешачење или ангажирање на личен тренер, вежбањето и останувањето фит и во добра форма е неопходно за постигнување успех.

Исто како и со вашиот имиџ, грижата за вашето тело и изгледот многу зборуваат за вашата личност.

3. Читајте повеќе книги и едуцирајте се

Секогаш кога сакате да го подигнете својот живот на едно ниво погоре, убаво и корисно е да прочитате книги за самосвест или т.н. книги за раст и развој на личноста. Во денешно време тоа е многу едноставно, бидејќи книги за личен развој и раст се достапни во речиси сите книжари, па дури и во најблиските маркети.

Исто така, можете да се претплатите на аудио книги, на некое месечно списание или да се регистрирате за да присуствувате на некоја корисна работилница за време на викендот. Без разлика на формата, провокативните информации што ќе ги добиете ќе ве поттикнат да го надградите вашиот менталитет за успех.

4. Вложувајте време во вашите односи со други луѓе

Не може да бидете осамени на патот кон градење на успешна кариера. Токму поради тоа, потребно е да се инвестирате во односите со други луѓе, независно од тоа дали се работи за соработници или колеги во бизнисот или другари и пријатели, па дури и роднините и семејството.

Одржувањето на односите со луѓето е многу важно за постигнување на успех. Но, тоа не значи одржување само на постоечките контакти, туку и создавање на нови пријателства.

Колку повеќе инвестирате во овие врски и односи, толку повеќе ќе изградите квалитетна мрежа која ќе може да ви помогне да напредувате во својата кариера во одреден сегмент од животот.

5. Искористете ги можностите за индивидуално инвестирање или штедење за иднината

Ова е вашата шанса да се инвестира во иднината. Зошто? За да постигнете финансиска стабилност и сигурност во пензионерските денови, кога нема да бидете продуктивни како сега, за да може напорно да работите и да заработувате.

Инвестирајте сега, за да имате поголема пензија од просечната која ви следува при пензионирање. Иако, пензионирањето можеби ви изгледа неверојатно далеку, сепак сега е вистинското време да започнете да ја градите вашата финансиска сигурност и стабилност за иднината.

6. Најдете извршен тренер (психотерапевт)

Психотерапевт е човекот кој е заслужен за кариерен успех на многу познати личности кои го имаат достигнато зенитот во своите кариери токму поради консултациите со него. На запад, речиси сите успешни личности имаат свој психотерапевт.

Кај нас тоа сеуште е табу тема, но кога подлабоко ќе размислите ќе видите дека тој ви е неопходен. Психотерапевтот ќе биде секогаш тука за вас, ќе му се доверите за најдлабоките тајни, а тој со својата стручност ќе ви помогне да ги идентификувате проблемите, да ги надминете, како и да ги идентификувате областите за подобрување, но и вашите силни страни.

Можеби ви звучи неверојатно, можеби мислите дека е скапо, но верувајте парите вложени во сопствен психотерапевт ќе ви се вратат неколкукратно. Тој ќе ви помогне да се справите со сегашните предизвици, ќе ја зголемува вашата подготвеност и притоа ќе ја зголеми и вашата самодоверба.

Започнете уште веднаш да ги применувате овие начини на инвестирање во себе и бидете сигурни дека крајот на 2020 година ќе го дочекате на едно многу повискоко ниво од сегашното. А дотогаш, со среќа и со успех во промените и во инвестициите во себе!

Лични финансии

Финансиски совети од Институтот на овластени ревизори на Република Македонија

Објавено

на

Покрај грижата за вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, периодов е навистина тешко да се фокусирате на финансиското планирање, организирањето на средствата и стабилноста на инвестициите. Сепак, глобалната пандемија налага детално и одговорно планирање на финансиите, со цел оваа (досега) краткорочна криза да не се претвори во долготраен финансиски проблем. Од таа причина, Институтот за ревизија на РМ издвои неколку совети кои би можеле да ви помогнат во невообичаениот период низ кој сите ние поминуваме. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

5 совети за вашиот бизнис од Џек Ма

Објавено

на

Џек Ма има нето вредност од 40 милијарди долари. Тој го трансформираше B2B пазарот со тоа што ја создаде најголемата B2B платформа во светот, Алибаба. Во слободно време тој е life & business coach. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Неопходен е избалансиран пристап кон инвестициите, со поголема изложеност кон индустриите кои подобро ја преживеале кризата

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно