Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

5G мрежа – иновација која ќе ја промени мобилната индустрија

Објавено

на

Доаѓањето на првите 5G мрежи е една од најочекуваните иновации во мобилната индустрија. Изградбата на потребната инфраструктура е веќе започната. Прашање на време е сите ние да можеме да ја искористиме оваа иновација.

Најголемите производители на смартфони се надеваат да понудат сопствени модели со поддршка на 5G мрежи во 2019 година. Ова значи дека многу наскоро технологијата ќе започне да се користи масовно од милиони луѓе низ целиот свет.

OnePlus исто пројавуваат интерес кон 5G смартфоните. Коосновачот на компанијата Карл Пеј откри повеќе детали за нивните планови во овој сегмент од пазарот. Тој изјави дека OnePlus не само што ќе продаваат 5G смартфон во 2019 година, но и ќе се обидат да ги претекнат другите производители на Android. Со оглед на начинот на кој компанијата ги избира имињата на своите уреди можеме да претпоставиме дека OnePlus 7 и 7Т ќе бидат имињата на првите нивни смартфони со технологијата. Qualcomm веќе потврдија дека во почетокот на 2019-та ќе видиме барем два 5G уреди, пишува во објавата на „TechRadar“.

Во моментов нема повеќе детали за останатите технички спецификации на OnePlus 7 и 7Т. Интересот за технологијата е огромен и поголемиот дел од водечките производители веќе работат на сопствени уреди со 5G технологија. Конкуренцијата помеѓу нив е позитивна вест за корисниците, бидејќи ќе придонесе за намалување на цената на смартфоните кои се оптимизирани за 5G мрежи

Останато

ССК: Прв центар за медијација по европски модел

Објавено

на

Во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) отворен е првиот Центар за медијација, по примерот на европските и земјите во светот, каде во рамки на коморите, функционираат Центри за медијација, со цел промовирање на принципот за пристап до правда за сите,  како и исполнувањето на меѓународните стандарди, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Граѓаните досега скенирале скоро 3 милиони фискални сметки во вредност од 1,5 милијарди денари

Објавено

на

Од почетокот на месецов, граѓаните имаат можност да побараат поврат на 15% од платениот Данок на додадена вредност (ДДВ) преку примената на владиниот проект „Мој ДДВ“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Гевгелија

Објавено

на

Со цел да биде уште поблиску до своите клиенти и да обезбеди врвно корисничко искуство во секој контакт со клиентите, Тиго Фајнанс ја проширува својата продажна мрежа, отворајќи ја денес новата, 18-та по ред филијала, во Гевгелија. Филијалата е лоцирана на ул. Слободан Митров-Данко бр.87. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange