Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Портите на ИТ светот беа отворени за најмалите од прво и второ одделение

Објавено

на

Во вторник, 23-ти април и четврток, 25-ти април, вратите на Мајкрософт Македонија беа широко отворени за да ги пречекаат супер хероите на иднината. Во нивна посета беа околу 100 дечиња од неколку основни училишта од Скопје.

„Секојдневните супер херои се луѓето околу нас. Тие го движат светот. Секое нивно дело е капка во океанот на промената. За експоненцијално да се зголеми нашиот развој деновиве ги отворивме портите на ИТ светот за најмалите.“, рече Љупчо Георгиев, Генерален директор на Мајкрософт за Македонија и Косово за посетата на дечињата од прво и четврто одделение.

Според него и Мајкрософт, темелите за развојот на општеството се поставуваат сега и затоа тие при посетите уште од најрана возраст ги внесоа во светот на ИТ. Во забавна и интересна атмосфера им беше посочена разликата помеѓу софтвер и хардвер, им покажаа како најголемите професионалци пишуваат во Word и заедно сите играа Minecraft, една од најинтересните и наједукативните видео игри во светот.

Децата беа на возраст од 7 до 12 години и иако оваа возраст за постарите генерации изгледа ниска за овие науки, светот покажува друг тренд. Според истражувањата нивниот интерес за компјутерите значително се разгрева на 9 и 10 години и тие се клучните години за новите генерации.

Останато

ССК: Прв центар за медијација по европски модел

Објавено

на

Во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) отворен е првиот Центар за медијација, по примерот на европските и земјите во светот, каде во рамки на коморите, функционираат Центри за медијација, со цел промовирање на принципот за пристап до правда за сите,  како и исполнувањето на меѓународните стандарди, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Граѓаните досега скенирале скоро 3 милиони фискални сметки во вредност од 1,5 милијарди денари

Објавено

на

Од почетокот на месецов, граѓаните имаат можност да побараат поврат на 15% од платениот Данок на додадена вредност (ДДВ) преку примената на владиниот проект „Мој ДДВ“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Гевгелија

Објавено

на

Со цел да биде уште поблиску до своите клиенти и да обезбеди врвно корисничко искуство во секој контакт со клиентите, Тиго Фајнанс ја проширува својата продажна мрежа, отворајќи ја денес новата, 18-та по ред филијала, во Гевгелија. Филијалата е лоцирана на ул. Слободан Митров-Данко бр.87. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange