Connect with us

Платежни картички

5% поврат на средства со American Express во Веро и Џамбо маркети

Објавено

на

Се ближи стартот на новата учебна година па за таа цел Силк Роуд Банка АД Скопје во соработка со Веро и Џамбо маркетите започнуваат заедничка промотивна кампања со American Express картичките.

Почнувајќи од денес 1-ви октомври па се до 15-ти октомври, започнува ексклузивна промотивна кампања со American Express картичките издадени од Силк Роуд Банка, во Веро и Џамбо маркетите, каде што со секоја трансакција во маркетите корисниците на картичките добиваат 5% бонус, односно поврат на средства.

Повратот на средства се добива од вкупниот износ на направената трансакција на ПОС терминал во маркетите и е без ограничувања од аспект на износот кој може да се добие како поврат.

Оваа ексклузивна кампања е супер можност да пазарувате со задоволство со American Express картичките во сите Веро и Џамбо маркети на територија на државата.

Доколку сѐ уште немате American Express картичка аплицирањето за картичката може да го направите на веб страната www.silkroadbank.com.mk или во некоја од експозитурите на Силк Роуд Банка.

Платежни картички

Mastercard кредитни картички од Комерцијална банка без надомест за аплицирање

Објавено

на

Дозволете си повеќе со кредитните картички од Комерцијална банка, кои до 15.06.2023 година може да ги добиете и без надомест за аплицирање и обработка на барање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„ШТЕДИ И КОГА ПЛАЌАШ“ – нова услуга од Шпаркасе Банка за сите корисници на дебитни картички

Објавено

на

Со цел промовирање на штедењето како корисна навика важна за финансиското здравје, како и одговарање на предизвикот наречен штедење, каде што секој клиент може да штеди и тоа незабележливо, Шпаркасе Банка воведе нова услуга за корисниците на дебитни картички издадени од Банката – Штеди и кога плаќаш. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека од 24.04.2023 година својата палета на платежни картички ја дополнува со нова кредитна платежна картичка Visa Travel. (more…)

Продолжи со читање

Популарно