Connect with us

Останато

5 совети за шопинг на Black Friday!

Објавено

на

Додека шопингот на Black Friday може да изгледа како бурен и стресен процес, сакаме да ве известиме дека не мора да биде баш така. Добрата вест е дека ние направивме истражување и навистина го смаливме целиот процес во прилично компактен водич кој не само што може да се искористи на Black Friday, туку и навистина секој шопинг.

1. Почнете да планирате на време.

Понекогаш мислиме дека изреката: “Раната птица добива црв”, всушност, беше е кажана специјално за Black Friday! Секој успешен купувач знае дека не е важно само први да пристигнете во вашата прва продавница, туку да го започнете целиот чекор за истражување и чекори за планирање што е можно поскоро. Додека има изобилство на информации, започнувајќи го процесот на почетокот на ноември или дури од крајот на октомври, ќе избегнете стресни ситуации. Затоа, започнете рано и давајте си себе си значителна предност пред другите, кои чекаат до последната минута.

2. Испланирајте буџет!

Премногу пати, ќе видиме работи на продажба и мислиме дека можеме автоматски да си го дозволиме само затоа што се нуди со попуст. Иако ова може да биде вистина за еден или дури неколку предмети, некои од нас мислат дека еден ден како Black Friday значи дека можеме само да одиме на пазарење без дно. Во раните фази на процесот на планирање, од витално значење е да ги погледнете сопствените лични примања и трошоци. Со тоа може да си овозможите да пресметате бројка за она што можете да си го дозволите да потрошите оваа година и колку слобода имате со овој број. Откако ќе го дознаете овој број, можете да го користите во подоцнежните фази на процесот како ќе одлучувате за предметите што ги барате за да купите.

3. Истражувајте, истражувајте, истражувајте!

За да имате успешен ден на купување овој Black Friday, мора да знаете неколку важни работи. Еве ја кратката листа на истражувањето кои мора да го направите:

  • Дознајте која продавница кога отвара (особено тие што ви се омилени);
  • Сите ограничувања за шопинг кои може да настанат (оналјн и офлајн);
  • Не им верувајте на сите реклами, ако нешто ви изгледа сомнително, јавете се во продавницата и ќе заштедите време ако не е вистина;
  • Не заборавајте дека домашните (локални) брендови може да имаат подобри понуди од големите и познати интернационални ланци.

4. Планирајте го вашиот шопинг напад!

Откако сте ги направиле сите ваши истражувања, подготвени сте да направите план за напад. Знаете кога сите реклами ќе излезат, ќе имате соодветен буџет, и знаете дека вашиот план треба да се направи на најлесен можен начин. Бидејќи ова е најважниот дел, чувствувавме дека на овој совет му треба малку посебно внимание. Некои од важните поенти за кои зборуваме се изработка на план за возење низ гратските улици, изготвување листа на желби, користење QR кодови за заштеда на време и искористување на веб страниците на продавниците за собирање најнови информации во од.

5. Нахранете ги телото и умот.

Потребна е соодветна исхрана, како и внесување на многу течности. Ако планирате да купите многу производи, препорачуваме да застанете во делот за храна на шопинг центарот или друг ресторан во вашиот град помеѓу продавниците. Ако сте на мисија и навистина сакате да го извлечете максимумот од денот, ви препорачуваме да носите закуски и пијалаци со вас, за да не пропуштите ни еден удар. Ако вашата цел е да добиете предмети со ограничена количина, не застанувајте во делот за храна за одмор во утринските часови. Утрото искористете го да ги купите ограничените производи, а храната оставете ја за после купувањето.

И не се грижете! Ако нешто не успеете да купите за време на Black Friday можете да го купите за време на викендот. Многу од продавниците сеуште ќе имаат големи попусти се до Cyber Monday во понеделник што е шопинг лудило само за себе!

 

Останато

Арсовска со висока награда во Дубровник: „Трите К“ – најголем предизвик за претприемачите

Објавено

на

Сојузот на стопански комори (ССК) учествува на 6. Регионален самит на претприемачи кој на високо ниво се одржува во Дубровник, Хрватска. Претседателот на ССК, Данела Арсовска,  учествува на панел сесијата посветена на улогата на деловните организации во развој на претприемништвото  на национално ниво и предизвиците со кои претприемачите се соочуваат. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Градежна комора: Растот на трошоците го диктира растот  на цената на квалитетните станови

Објавено

на

Градежната комора на Македонија информира дека трендот на пораст на трошоците за градежни материјали, но и за вработените во градежните компании се случува во континуитет. Последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) само ја потврдуваат состојбата и покажуваат дека трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвриот квартал од минатата година во однос на тој квартал од претходната година, се повисоки за 5,9 отсто, трошоците за материјали се повисоки за 3,2 отсто и трошоците за вработените се повисоки за 13 отсто. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории

Објавено

на

Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории е предвидено во работната верзија на Законот за платежни услуги и платни системи што го подготвува Министерството за финансии во соработка со Народна банка, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишување на Меморандум за финансиска инклузија.

“Работната верзија предвидува сметката со основни функции да биде бесплатна за ранливите категории, односно по закон ќе добијат бесплатни услуги за отворање, водење сметка, уплати и исплати. За останатите потрошувачи, платежната сметка со основни функции ќе биде со разумен надоместок. Ќе напоменам, дека за да се отвори сметката, граѓаните не треба да поседуваат друга сметка со основни функции на свое име, како и дека на оваа сметка нема да можат да одат во минус”, изјави министерот за финансии Тевдовски.

Исто така, се воведуваат решенија во Законот за платежни услуги и платни системи, што ќе доведат до либерализација на пазарот на платежни услуги. Ова ќе придонесе за засилена конкуренција и нови, иновативни начини на плаќање, лесно достапни и со помали трошоци, рече Тевдовски.

Тевдовски посочи дека ова е првиот чекор кон поголема финансиска инклузија, што предвидува сите да имаат пристап до финансиски услуги и тоа на лесно достапен, безбеден начин и под прифатливи цени.

“Придобивките од финансиската инклузија се повисок раст на БДП и помала доходовна нееднаквост. Анализите на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека преку обезбедување на пристап до сметки, кредити, за жените, за ранливите категории, се овозможува побрз и поинклузивен економски раст. Друга придобивка од финансиската инклузија е дека таа привлекува повеќе луѓе во формалниот сектор, што во фискалниот дел значи повеќе приходи во буџетот. Повеќе приходи во буџетот пак значат подобро здравство, образование, инфраструктура и други јавни услуги”, рече Тевдовски.

Финансиската едукација е исто така значаен инпут во финансиската инклузија, рече министерот за финансии. Тој ги повика заинтересирани училишта кои би сакале да организираат посети за учениците на Министерството за финансии или да им се организираат предавања во училиштата, да се пријават на маилот edukacija@finance.gov.mk.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange