Лични финансии
5 совети за вашиот бизнис од Џек Ма

Џек Ма има нето вредност од 40 милијарди долари. Тој го трансформираше B2B пазарот со тоа што ја создаде најголемата B2B платформа во светот, Алибаба. Во слободно време тој е life & business coach.
Прочитајте неколку од неговите најдобри совети за вашиот бизнис.
1. Никогаш не е доцна
„Дури кога имав 40 години, започнав да дознавам што точно сакам да правам. Никогаш во животот не сум помислил дека би сакал да бидам бизнисмен. За сите други работи што сакав да ги работам, бев одбиен. Сакав да станам полицаец и бев одбиен, сакав да служам во КФЦ и бев одбиен“, вели Џек Ма.
2. Неограничени можности
„Овој свет денес е полн со предизвици и можности, пред 2.000 години било полно со предизвици и можности, и сигурен сум дека за 2.000 години ќе се случува истото. Тоа зависи од тоа како гледате на работите. Младите велат дека нема можности, но мислам дека можностите секогаш лежат во предизвиците и во поплаките. Ако можете да го решите еден предизвик, ќе бидете успешни“, вели Џек Ма.
3. Уживајте во патувањето
„Мислам дека животот е патување. Доаѓате на овој свет да уживате во животот, да бидете посреќни и поздрави. Денот кога ќе го напуштите овој свет сакате да кажете дека сте здрави и среќни со вашиот живот, затоа што ако не сте здрави, никогаш нема да бидете среќни“, вели Џек Ма.
4. Најдете луѓе кои се попаметни од Вас
„На почетокот не знаев ништо за технологијата, не знаев ништо за менаџирање. Мора да најдете луѓе попаметни отколку што сте вие. И кога ќе ги најдам, моја работа е да се осигурам дека паметните луѓе можат да работат заедно“, вели Џек Ма.
5. Имајте цел на секоја возраст
„Кога имате 20 до 30 години, треба да се угледате на добар шеф и да се придружите на добра компанија за да научите како правилно да ги правите работите. Кога имате 30 до 40 години, ако сакате сами да направите нешто, само сторете го тоа. Сè уште можете да си дозволите да изгубите, да не успеете. Кога имате 40 до 50 години, мојот предлог е да направите работи во кои сте добри. Кога имате 50 до 60 години, поминете време за да обучите и помогнете при развој на млади луѓе, следната генерација. Кога имате над 60 години, поминувајте време со вашите внуци“, вели Џек Ма.
Лични финансии
Дали знаењето или дисциплината е поважна за управување со парите?

Знаењето (во некои случаи може да се користи и зборот „талент“) е важен предуслов за успех на кое било поле од животот. (more…)
Лични финансии
Четири чекори кои водат до стабилни лични финансии

Четирите чекори кои водат до стабилни лични финансии можеби изгледаат како „чекор од седум милји“, но во реалноста не е толку тешко да се постигнат. (more…)
Лични финансии
Десет навики на луѓето со најголема самодоверба

Ko-oсновачот на компанијата Sky Bell, Ендрју Томас, ги сподели своите искуства и размислувања за кои верува дека луѓето кои сакаат да градат доверба е потребно да ги имаат. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје