Connect with us

Колумни

5 работи кои ќе ви ја унапредат кариерата

Објавено

на

Напорно работите,но никој не го забележува тоа? Ќе мора да го свртите листот и да ги измените некои аспекти од работењето. Според мислењето на експертите, постојат пет битни причини поради кои не сте доволно почитувани на работното место поради што може да ви се влоши кариерата.

  1. ГУБИТНИЧКИ МЕНТАЛИТЕТ

Работењето во динамично опкружување ,само по себе е стресно.Сепак, последна емоција која би требало да ја покажете е очај или бес. Поголемио дел, можеби, тоа ќе го протолкува како ваша енергичност,но вашите надредени ќе ве  препознаат како личност подложна на нервоза и растројство.

  1. ЈА РАБОТИТЕ ИСКЛУЧИВО ВАШАТА РАБОТА

Важно е да покажувате иницијатива и подготвеност да одите понатаму од сопстените овластувања. Доколку превземете врз себе и некои работи надвор од вашите вообичаени задолженија,тоа ќе ви донесе дополнителни поени кај вашиот ндреден.

  1. ПРЕМНОГУ СТЕ ТИВКИ

Вашите идеи не можат да допрат до таму каде што треба доколку постојано го држите јазикот за заби. Постојано некој друг ќе биде во центарот на вниманието, а вие и понатаму ќе останете во сенка на оние од кои веројатно сте подобри. Не се плашите да превземете иницијатива, изнесете го својот предлог без оглед што ,во тој момент, ви изгледа нерационално.

  1. ПОСТОЈАНО СЕ ЖАЛИТЕ

Ако нешто во вашето работење тргне наопаку,најлоша можна работа е да почнете да очајувате.Наместо тоа,обидете се да се фокусирате на проблемот и колку е возможно да ја поправите настанатата штета произлезена од вашата грешка. Затоа не паничите,туку, наспроти се, вложете ја сета своја креативност да направите работите да си дојдат на свое место.

  1. ЦЕЛО ВРЕМЕ ИМАТЕ ОДБРАМБЕН СТАВ

Секој од нас сака да биде горд на својата работа, да прима пофалби и награди. Сепак, за да станете незаменлив дел на тимот, потребно е , се до моментот додека не станете самостојни,да ги примате и прифаќате критиките на коректен начин. Не само што на тој начин ќе знаете каде грешите, туку и ќе придобиете поголема почит од  поискусните вработени,кои најчесто  ви се и надредени.

Колумни

НОВА Е КОЛЕШКАТА!?

Објавено

на

Се почесто банките се соочуваат со фактот дека поради одредени причини искусните вработени си заминуваат, односно успеваат да најдат подобра работа. Можеби станува збор за работа каде можат да ја искажат својата креативност, можеби е подобро платена, можеби има помалку притисоци, итн… (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Учењето и здравјето

Објавено

на

Концептот на доживотно учење значи учење во сите периоди од животот (од млади до постари години), во неформален и формален облик. Со концептот на доживотно учење најчесто се поврзуваат економските цели, на пример, постигнување поголема конкурентност или зголемување на можноста за вработување. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

РОБИН ШАРМА: Секојдневните навики не носат кон големите достигнувања!

Објавено

на

Дали знаете дека големите достигнувања се помалку се должат на вашата генетика и среќа, а се повеќе на вашите ритуали и секојдневни активности? Професионалците не се повеќе надарени од вас – тие само имаат подобра организација на своите дневни навики.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange