Connect with us

Останато

5 работи кои вработената на шалтер би сакала да ги знаете

Објавено

на

Порталот „Неа.мк” – портал наменет за припадничките на понежниот пол направи кратко истражување за жените кои работат во банка, на шалтер и секојдневно се соочуваат со „интересни“ ситуации.

Кои се петте работи коишто жените вработени на шалтер во банка би сакале нивните клиенти да ги знаат.

1. И само да прашате, треба да почекате во ред.

„Нам не ни менува кого ќе го услужиме прв, бидејќи секако сите ќе дојдат на ред. Но она што е проблем е редот, кој е многу важно да го има. Често поради еден „фраер“ кој сака „само да праша“, се случува апсолутен хаос, кавги и слично, па така сите подолго чекаат. Знаеме и разбираме дека Ви се брза, но реално на сите им се брза. Никој не сака да го помине денот во ред, а уште помалку во објаснувања за тоа кој е на ред.”, велат дел од анкетираните жени.

2. Не се јаде многу лук пред одење во банка. Препорачливо е и да нема 24 часа и од последното туширање.

„Секако дека сите сакаме да јадеме пинџурче со лукче, макалце и слично (дури и ние банкарите), но убаво е да се внимава да не е непосредно пред одењето во банка, која е најчесто во затворен простор. Туширањето е објаснето, тоа е тоа. Мора да признаеме дека ситуацијата е многу подобра откако носиме маски.”, велат благаничките.

3. Не можеме да Ви помогнеме ако немате лична карта.

„Откако ќе донесете документ за идентификација, со задоволство ќе ги завршиме сите итни работи. Важно е да разберете дека работиме со пари и тоа што бараме документи за идентификација Ве штити и Вас и Вашите пари. Доколку не е така би можел секој да дојде и да се претстави со Ваше име. Кога ќе размислиме така, не е толку наивно тоа со личните карти, нели? Па затоа, колку и да не „шармирате“, тешко дека ќе помине.”, појаснуваат анкетираните банкарки.

Целиот текст можете да го погледнете на Неа.мк.

Останато

Германија ќе им помага на домаќинствата за плаќање на сметките за струја

Објавено

на

Германија денеска најави дека речиси ќе го преполови надоместокот за обновливи извори на енергија за да им помогне на домаќинствата да ги платат високите сметки за електрична енергија, објавија операторите на преносните системи. (more…)

Продолжи со читање

Останато

СКОПЈЕ СТАНУВА РЕГИОНАЛНА ТРГОВСКА ПРЕСТОЛНИНА – Се отвара ИСТ ГЕЈТ МОЛ

Објавено

на

Скопје станува многу динамичен град со голем потенцијал за напредок и просперитет, а овој октомври ја добива својата нова шопинг дестинација со над 220 водечки глобални и регионални брендови. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот со рекордна вредност во последните шест месеци

Објавено

на

Биткоинот денеска достигна рекордна вредност во последните шест месеци и се приближи до највисоката вредност во историјата, што ја достигна во април. (more…)

Продолжи со читање



Популарно