Лични финансии
5 работи кои ви ја уништуваат кариерата


Напорно работите, но за жал никој не го забележува тоа? Ќе мора да го свртите листот и да ги измените некои аспекти од работењето. Според мислењето на експертите, постојат пет битни причини поради кои не сте доволно почитувани на работното место поради што кариерата може да ви тргне во надолна линија.
1. ГУБИТНИЧКИ МЕНТАЛИТЕТ
Работењето во динамично опкружување, само по себе е стресно. Сепак, последна емоција која би требало да ја покажете е очај или бес. Поголемиот дел од другите вработени можеби тоа ќе го протолкуваат како енергичност, но добрите менаџери ќе ве препознаат како личност која е подложна на нервозни реакции и растројство, а тоа негативно ќе се одрази на вашето напредување на работното место.
2. ЈА РАБОТИТЕ ИСКЛУЧИВО ВАШАТА РАБОТА
Важно е да покажувате иницијатива и подготвеност да одите понатаму од сопстените овластувања, да се интересирате за нови работи и да преземете иницијатива, иако надредените не го побарале тоа од вас. Доколку превземете врз себе и некои работи надвор од вашите вообичаени задолженија, тоа ќе ви донесе дополнителни поени кај вашиот претпоставен и може да биде тригер за ваше унапредување на работното место.
3. ПРЕМНОГУ СТЕ ТИВКИ
Иако имате интересни и креативни идеи, сепак тие не можат да допрат до таму каде што треба доколку постојано го држите јазикот за заби. Наместо вие, постојано некој друг ќе биде во центарот на вниманието, а вие и понатаму ќе останете во сенка на оние од кои веројатно сте подобри. Не се плашите да превземете иницијатива, изнесете го својот предлог без оглед дали ви изгледа нерационално во тој момент.
4. ПОСТОЈАНО СЕ ЖАЛИТЕ
Ако нешто во вашето работење тргне наопаку, најлоша можна работа е да почнете да очајувате и да се жалите. Ниту еден менаџер не сака да ги слуша своите вработени како се жалат на својата работа. Тоа покажува дека не сте задоволни со тоа што го работите. Наместо да се жалите и очајувате, треба да се фокусирате на проблемот и да најдете решение како тоа да го надминете. Верувајте проактивноста и иницијативата е тоа што го следат менаџерите и надредените.
5. ЦЕЛО ВРЕМЕ ИМАТЕ ОДБРАНБЕН СТАВ
Секој од нас сака да биде горд на својата работа, да добие пофалби и награди за вложениот труд. Сепак, за да станете незаменлив дел на тимот, да се надоградувате вие како личност, но и вашето работење, потребно е да ги примите и прифатите сите критики кои стигнуваат на ваша адреса. Доколку не ги прифаќате критиките, одбивате да признаете дека сте згрешиле или покажувате со прст кон некој друг, тоа негативно ќе се одрази врз вашата кариера и врз напредокот. Но, доколку критиките ги прифатите на коректен начин, признаете дека сте згрешиле и се потрудите да научите од грешките и да се обидете да ги промените во ваши посилни страни, тогаш ќе добиете поголема почит од поискусните колеги и претпоставени.
Лични финансии
ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: Ковани пари во оптек


Македонскиот денар (МКД) е национална валута на Република Македонија пуштена во оптек на 27 април 1992 година. Централната банка на државата – Народната банка на Република Македонија – е единствената институција којашто го издава денарот. (more…)
Лични финансии
ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: ШТО СЕ ПАРИТЕ И КАКО НАСТАНАЛЕ?


Од најраните времиња парите се препознаени како стока употребувана како средство за размена или плаќање на сите видови стоки и услуги. (more…)
Лични финансии
Започнува Глобалната недела на парите 2022: „Градете ја својата иднина, користете ги парите паметно“


Координациското тело на финансиските регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, десетта година по ред ја одбележуваат Глобалната недела на парите од 21 до 27 март 2022 година. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје