Connect with us

Платежни картички

5% поврат на средства со „#AMEX #BlackFriday SALE“ кампањата

Објавено

на

По повод денот на шопингот „black friday“, Силк Роуд Банка за корисниците на American Express кредитните картички подготви единствено од ваков тип на пазарот „#AMEX #BlackFriday SALE“ шопинг изненадување.

Имено, со секоја трансакција направена со American Express Green или American Express Gold кредитните картички во петок 27-ми ноември, корисниците добиваат промотивно 5% поврат на средства. (*)

Повратот на средства важи со секоја трансакција направена со картичките на сите продажни места каде што се прифатени American Express картичките. Искористете ја оваа супер поволност со American Express картичките на Силк Роуд Банка и безбедно пазарувајте во петок.

Подетални информации за American Express картичките може да погледнете на веб страната www.silkroadbank.com.mk или во некоја од експозитурите на банката.

Платежни картички

Динерс воведе можност за подигнување готовина на банкоматите на Халкбанк

Објавено

на

Diners Club Македонија им овозможи на корисниците на картички да подигнуваат готовина од банкоматите на Халкбанк АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

НЛБ Банка со промотивна кампања за сите Mastercard кредитни картички за физички лица – Вистинска можност да добиете повеќе!

Објавено

на

Почнувајќи од денеска, НЛБ Банка започнува промотивна кампања со која постоечките и новите корисници на некоја од НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица имаат вистинска можност да добијат повеќе.

Имено, во периодот од 10 мај до 30 јуни годинава, за постоечките и новите корисници на Mastercard Standard, Mastercard Light, Mastercard Gold и Mastercard HaPPy картичките, НЛБ Банка овозможува единствени поволности, парична награда или бесплатна членарина за првата година од користењето.

Поконкретно, во промотивниот период, 1.000 клиенти – иматели на некоја од споменатите Mastercard картички кои ќе направат најголем број трансакции ќе добијат паричен износ во висина од 2.000 денари на нивната картичка. Дополнително, сите оние кои, во промотивниот период, ќе аплицираат и ќе станат корисници на некоја од наведените Mastercard картички ќе добијат бесплатна членарина за првата година од користењето.

НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица може да се користат во земјата и во странство, за плаќање на продажни места и подигање готовина на банкомати секаде каде е истакнат знaкот на Мastercard. Дополнително, Mastercard HaPPy картичката е единствената картичка на пазарот која нуди загарантирана можност за cashback за секое нејзино користење.

Повеќе детали за Mastercard кредитните картички и промотивните понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат во сите експозитури на Банката, како и на веб-страницата: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број 02/15 600.

Продолжи со читање

Платежни картички

Заштеда до 12% на резервациите на Booking.com со American Express

Објавено

на

Нова одлична поволност за корисниците на кредитните и дебитните Аmerican Express картички издадени од Силк Роуд Банка. Отсега сите корисници на кредитните и дебитните Аmerican Express картички може да уживаат во повеќекратните придобивки при онлајн резервација на една од најголемите меѓународни онлајн туристички агенции – Booking.com. (more…)

Продолжи со читање


Популарно