Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Кредити

5+ Нов станбен кредит од Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал во своето кредитно портфолио воведува нов станбен кредит со 5 години фиксна каматна стапка.

Па така, сите клиенти кои ќе аплицираат за 5+ станбениот кредит добиваат одлични услови достапни во целиот период од отплатата на кредитот.

Овој станбен кредит им овозможува на клиентите гарантирана каматна стапка, и тоа, во првата година во висина од 3,10%, во втората и третата година од отплатата каматната стапка е исто така фиксна и е во висина од 3,30%, во четвртата и петата година од отплатата на кредитот каматната стапка останува фиксна и непроменлива и изнесува 4,55%. По навршувањето на петата година, каматната стапка е варијабилна и пресметана врз основа на шестмесечна стапка на Еурибор (Euribor).

Па така, за станбен кредит од 30.000 евра, со рок на отплата од 240 месеци, износот на фиксната месечна рата во првата година ќе изнесува 174 евра, ратата во втората и третата година ќе изнесува 178 евра, во четвртата и петата година од одплатата на кредитот, ратата ќе биде повторно фиксна и ќе изнесува 195 евра, додека пак месечната рата по петата година ќе изнесува 210 евра.

Сите клиенти кои ќе аплицираат за 5+ Станбениот кредит, за време на промотивниот период кој трае до 30.04.2019 година, ќе бидат ослободени од административните трошоци и нотарските трошоци.

Со цел постојана грижа за клиентите како и обезбедување дополнителна вредност на сите банкарски производи, Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите кои ќе аплицираат за „5+ станбениот кредит“ да изберат помеѓу двата пакета за животно осигурување, и тоа: делумниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44% годишно од износот на кредитот или за целосниот пакет за кредитно животно осигурување, со осигурителна премија од 0,85% годишно од износот на кредитот.

Повеќе информации за поволностите и понудите клиентите можат да најдат на новата веб-страница на Охридска банка Сосиете Женерал, на социјалните мрежи и во експозитурите на Банката ширум земјата.

Домашни банки

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на кредитните продукти за физички лица

Објавено

на

Kако резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи, НЛБ Банка ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени на кредитните картички, инстант кредитите и на дозволеното пречекорување на трансакциска сметка за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на кредитните производи за физички лица

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје започнувајќи од 01.07.2019 година ги намали до 0,25 процентни поени, каматните стапки на дел од потрошувачките кредити, кредитните картички Visa Classic како и на дозволеното пречекорување на трансакциска сметка за физички лица, а во согласност со промената на висината на референтните каматни стапки  и на максималната законска каматна стапка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Инвестирајте во Вашиот нов автомобил!

Објавено

на

Одлуката за купување на нов автомобил воопшто не е лесна. Долго време поминувате во разгледување и избирање на идеалниот модел за Вас пред да ја донесете конечната одлука. Првиот чекор пред да го изберете автомобилот е проценката на Вашата финансиска сотојба во моментот и поставувањето на финасиските цели за исплата на истиот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange