Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Осигурување

5 најдобри совети за осигурување за „милениумците“

Објавено

на

Ако сте родени во 2000-тите, и сте дел од „милениумската“ генерација веќе сте на возраст кога ви се потребни првите кредити заеми, изнајмување или купување на место за живеење, планирање на семејство и секако купување на осигурување.

Овие големи животни настани се исклучително важни, особено за милениумската генерација која според економистите сака дополнителна вредност во секој аспект на животот, од изборот на професијата и работното место, до активен социјален живот и негување на силни општествени вредности, па затоа неопходна им е и соодветна финансиска сигурност.

Затоа генерациите кои навршуваат 21-22 години кои веќе се со факултетски дипломи и ги прават првите чекори во деловниот свет треба да ги имаат на располагање сите информации за видовите на осигурување како дополнителна безбедна мрежа. Загрижуваат податоците дека милениумците се најмалку осигурена генерација без оглед што луѓето од сите возрасти имаат различни причини поради кои не купуваат осигурување сметајќи дека е голема или скапа инвестиција иако во пракса тоа е сосема спротивно.

Од друга страна пак, се смета дека милениумците се генерација која се карактеризира со решителност и обид за наоѓање на решение на предизвиците со оглед на големиот број на технолошки и информативни алатки. Затоа ќе се обидеме да ви претставиме неколку основни чекори со кои може да започне потрагата по вашето соодветно осигурување.

1. Најдете соодветно осигурување

Првиот и основен чекор е да одберете вид на осигурување од неживотната категорија кој во моментот ви е најпотребно, па така ако сте го купиле првиот автомобил пожелно е да купите каско осигурување и соодветно осигурување од авто-одговорност. Можеби размислувате да изберете осигурување со најниска цена, но ако немате доволна покриеност со полисата нема да ја ниту посакуваната финансиска корист кога ќе дојде време да го искористите самото осигурување.

2. Информирајте се за попусти

Речиси секогаш може да најдете одлична понуда со соодветни попусти за кои најдобро е да се информирате преку специјализираните медиуми, самите страни на осигурителните компании и продажните агенти. На пример ако купите повеќе видови на осигурителни полиси тогаш ќе добиете поголеми попусти и ако исполните одредени услови од договорот исто така и премијата ќе биде поголема.

3. Купете животно осигурување додека сте млади

Никогаш не е рано да купите животно осигурување, особено пакетите кои истовремено нудат и помодерни компоненти како што е долгорочно штедење. Со ваков вид на осигурителни производи покривате повеќе цели, најпрво во случај на најлошото вашите најблиски во тешките моменти ќе добијат соодветна компензација за настанатите трошоци и загубата, но исто така на долг рок ќе остварите и заштеда која ќе може да ја користите на поголема возраст пред завршување на работниот век. Предноста на младите е што се поздрави и во подобра состојба па така и полисата ќе биде поевтина, односно со поголем принос со оглед на помалите здравствени ризици.

4. Покријте ги сите потреби

Просечна полиса ќе ги покрие основите потреби, но можеби ќе треба да вложите во дополнително покритие за да ги заштитите вашите уникатни добра, на пример, електроника или убаво парче накит кои би било финансиски тешко да ги замените. Можеби ќе сакате да додадете дополнително покритие за овие предмети.

5. Разговарајте со независен продажен агент

Советувањето и користењето на услуги на независен продажен агент кој има големо познавање за понудата на повеќе осигурителни компании може да биде најдобар избор. Овие агенти не претставуваат понуди од сама една фирма, па така покажуваат поголема објективност во цените, понудите, попустите и сите детали околу договорот кој ќе треба да го склучите за вашата полиса. Продажниот агент треба да ги следи промените во вашата финансиска состојба и да ви обезбеди дополнителни совети за заштеда и покриеност.

Осигурување

АМ Бест ја потврди бонитетната оценка »A« за Групацијата Триглав

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг АМ Бест, по редовната годишна ревизија, на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Ре повторно им ја потврди бонитетната оценка на финансиска моќ »A« (одлично) и долгорочната бонитетна оценка за кредитна способност на издавачот »A«. Оценките за кредитниот рејтинг на двете друштва имаат стабилна среднорочна прогноза, која ги изразува очекувањата на агенцијата, дека Триглав, среднорочно, ќе ја задржи својата цврста финансиска позиција, доброто работење и водечката положба на пазарите во Словенија и регионот, каде е присутна Групацијата. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Промени во составот на Одборот на директори на Кроациа осигурување/живот

Објавено

на

КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Друштвото. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Официјално: ЕУРОСИГ АД Скопје стана ГРАВЕ НЕЖИВОТ Скопје

Објавено

на

Друштвото за осигурување ЕУРОСИГ АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за извршена промена на назив врз основа на претходно добиено решение од АСО за издавање согласност за промена на назаивот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange