Connect with us

Колумни

5 знаци дека никогаш нема да бидете богати!

Објавено

на

Просечните луѓе веруваат дека богатство е само за луѓето кои имаат среќа, меѓутоа реалноста е многу посложена од тоа. Наспроти популарното верување дека сите имаат еднаква шанса да се збогатат, проверете дали и вам ви се отворени картите да станете богати.

5 знаци кои укажуваат дека веројатно не се движите на патот кон богатството:

1. Премногу сте концентрирани на штедење, наместо заработување

Штедењето е многу важно за да создадете богатство, меѓутоа колку повеќе сте концентрирани на штедењето, толку повеќе заборавате да заработувате. Богатите луѓе се фокусирани на заработување.Пошироката маса е толку концентирана на барање попусти и собирање купони, што се случува да испуштат навистина одлични можности. Ако сакате да размислувате како богатите, престанете да се грижите дека ќе останете без пари и фокусирајте се на правење уште повеќе.

2. Не сте почнале да инвестирате

Колку порано почнете да инвестирате, толку подобро. Во просек, милионерите инвестираат околу 20% од нивниот вкупен профит секоја година. Тие не го пресметуваат своето богатство според тоа колку заработуваат секоја година, туку според тоа колку успеале да инвестираат.

3. Купувате работи кои не можете да си ги дозволите

Ако живеете многу побогато од тоа што навистина сте, никогаш нема да се збогатите. Дури ако почнете да заработувате повеќе, немојте веднаш да го промените целиот ваш животен стил. Почекајте одредено време пред да ја купите првата луксузна кола или првиот луксузен часовник.

4. Никогаш не излегувате од вашата комфорна зона

Ако сакате да направите богатство, да бидете успешни или да одите напред во животот мора да се научите да живеете во несигурност или неудобност.Богатите луѓе научиле да најдат комфор во несигурноста. Физичкиот, психолошкиот и емотивниот комфор ја кочат средната класа.Богатите луѓе знаат дека е тежок патот до успехот и се спремни да живеат долг период во неудобност и со тек на време учат да живеат во константа несигурност.

5. Задоволни сте со фиксна плата

Просечните луѓе одлучуваат да живеат од платата, додека богатите преземаат ризик и најчесто имаат сопствен бизнис. Има многу луѓе кои заработиле преку фиксна плата, но патот до успехот бил многу побавен. Богатите знаат дека патот до успех доаѓа преку сопствен бизнис.

Колумни

Што можеме да научиме од мајмунот кој вози скирол?

Објавено

на

Сите сме ја слушнале добро познатата фраза “Патувањето од илјадници милји започнува со еден чекор”. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Моќта на убедувањето

Објавено

на

Дали сте знаеле дека доколку на некого му подадете топол пијалок, многу е поверојатно дека тие ќе се однесуваат многу попријатно и попријателски со вас?  (more…)

Продолжи со читање

Колумни

6 инвестиции кои треба да ги направите во себе

Објавено

на

Ако сакате вашата кариера и вашиот живот да тргнe 2019 година на подобро, време е и да инвестирате во себе. Впрочем, “не се постигнува напредок без инвестиции”, вели тренерот за живот Стасија Пирс. “Лични инвестиции во сопствените вештини, вашиот имиџ, па дури и алатки што ви требаат за да успеете, ја зголемуваат вашата вредност во целина.” (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange