Домашни банки
46 Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Шпаркасе Банка Македонија


Врз основа на член 30 став 4 и став 5 од Статутот на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Надзорниот одбор на
ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА
П О В И К
за учество на Собрание на акционери
46то Собранието на акционери на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ќе се одржи на 04.09.2020 година (петок), со почеток во 12:00 часот, во седиштето на Банката ул. Македонија бр. 34, Скопје, со следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Избор на претседавач со Собранието, Нотар и бројач на гласови;
- Разгледување на Записник од 45.седница на Собранието на акционери;
- Предлог за ре-избор на членови на Надзорниот одбор, Одлука и
- Предлог за избор на друштво за ревизија на Шпаркасе банка Македонија АД Скопје за 2020 година, Одлука
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание. Поради актуелните мерки за заштита на населението, седницата на Собранието на акционери на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ќе биде со можност за гласање преку писмена кореспонденција. Обрасците за гласање со писмена кореспонеднција се на следниот линк: Образец за гласање со кореспонденција-правно лице и Образец за гласање со кореспонденција-физичко лице
Приjавите да се достават до Банката – Кабинет на Управен одбор.
Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштвата и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката.
Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да доставуваат предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.
Акционерите можат да доставуваат предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предози на одлуки и прашања и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен јавниот повик а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката.
Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието што е свикано, се испраќа до органот што го свикал Собранието на Банката, и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е испратена поканата, односно од денот кога е објавен јавниот повик за учество на Собранието.
Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и на интернет-страницата на Банката.
Домашни банки
Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра


Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)
Домашни банки
Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година


Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!


Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје